Home Live Нашиот најбаран фолк пејач се сликаше со Дедо мраз, и му даде...

Нашиот најбаран фолк пејач се сликаше со Дедо мраз, и му даде специјален подарок (ФОТО)

Среќата да се радува на две ќерки ја има и фолк пејачот Влатко Миладиновски, кој со сопругата Кристина веќе ја имаа Илина, (4) а од пред Велигден ја добија и малата Андреа. Сега Влатко ќе ужива меѓу неговите три принцези.

Во ова лудо корона време не им било лесно на Влатко и Кристина, со која се во брак веќе пет години, да ја дочекаат радоста со раѓањето на Андреја.

Стpавот постои кај сите, па и кај нив, иако се труделе да се заштитат и да живеат нормално, напиша ММС.мк за нашиот познат фолк пејач.

Ми се исполни сонот да имам две ќерки. Навистина сум слушнал и јас дека велат дека ќерките за родителите се грижат повеќе, но не знам и не можам тоа сега да го кажам, додаде Миладиновски.

-Да, малку интересно што и двајцата сме од Кичево а се запонавме во Охрид. Заедно бевме неколку години, а веќе од 2016 сме во брак. Бракот не ми го смени многу животот, бидејќи Кристина има разбирање за мојата работа.

Покрај, се разбира љубовта меѓу нас, голем удел има и нејзиното разбирање и поддршка за мојата работа, вели Влатко за ММС.

Познатиот македонски фолк пејач Влатко Миладиноски за порталот Порта раскажа дека веќе 3 месеци карантинот го поминува со најмилите во својата викендица во село Јаорец оддалечено на 9 километри од Кичево.

Недопрената природа и зеленило се непроценливо богатство во нашата етнографска област, позиционирана во централниот дел од Западна Македонија.

За себе вели дека ова е единственото место каде практично ги полни батериите, одминувајќи го времето во природа со песна и позитивна енергија.

Влатко посебно ќе го памети овој тежок период, бидејќи вонредната состојба со пандемијата ги одложи сите гостувања во Европа и големата турнеја за македонците во Америка и Канада, но сепак е ова доказ дека може и со ова темпо да се живее кога мора.

Да ги почитуваме до крај предвидените мерки за заштита од Ковид-19 вирусот и да ја негуваме нашата македонска музика – додаде Миладиноски.

Влатко Миладинвоски, потекнува од музичко семејство, а за него неодамна зборуваше неговиот братучед, Дамјан Стојановски, синот на големиот Војо Стојановски.

Тој рече дека неговиот татко Војо потекува од голема фамилија, тие се осум деца и има многу братучеди, а еден од нив е и фолк пејачот Влатко Миладиновски.

Дамјан раскажа дека со братучедите одел на доста турнеи низ Австралија и секаде каде што има нашинци. „Сум можел да живеам надвор од Македонија, но не сакав, решив да останам тука, јас сум голем родољуб“, порача младиот пејач.

Миладиновски објави нова новогодишна слика со Дедо мраз и напиша: “Дедо Мраз,дојде и кај нас” Веќе владее предновогодишна еуфорија…

Се гледаме за неколку часа во Радовиш во Рест. Green’s.., објави Миладиновски на Фесјбук. Дефинитивно, тој е еден од нашите најбарани пејачи, а Дедо мраз од него доби специјален подарок, новото цеде на Влатко.

Previous articleЗа Милица се зборуваше дека 10 години била во врска со оженет маж, таа ја откри вистината
Next articleЕлена- Живот со стил ја напушти Македонија, објави слика со крзно, ептен скапо облечена (ФОТО)