Home Live Огнен: Би сакал да можам да гo вратам времето и да ги...

Огнен: Би сакал да можам да гo вратам времето и да ги избришам сите лоши работи

Огнен Здравковски во Србија се прослави со емисијата Звезде Гранда каде што ментор му беше Марија Шерифовиќ. Марија Шерифовиќ во една прилика јавно го прозва и пофали истакнувајќи дека според неа тој е најдобар нејзин кандидат.

„Од моите машки кандидати Огнен најмногу ми се допаѓа. Може се и сешто да пее, широк му е опусот. Неговата боја на гласот ми е далеку, далеку, далеку најдобра“ истакна Марија..

Неговиот музички „поход“ сепак почнува од Македонија каде иако испеана на српски јазик, автори на неговата нова песна се братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски, од чија фабрика за хитови излегува и оваа песна која се вика „Извини“.

Огнен имаше уште многу музички планови кои ги поремети пандемијата, но и заминувањето на нему драга личност, неговиот вујко Зоран Џорлев.

За прв пат во јавноста, во интервју за Бекстејџ, со солзи во очите, Огнен Здравковски зборуваше за загубата на својот вујко и болката по неговото заминување.

Зоран Џорлев, познатиот виолинист, музичар и професор си замина на 1 јануари годинава, поради последиците од вирусот.

Тој неодамна се сети на неговата прва песна која беше промовирана пред шест години и сподели што пишувале весниците за него во тоа време.

– Ова е мојата прва и моја посебно драга песна! Музиката и текстот ми ги напиша мојот најголем идол и ментор (МОЈОТ ВУЈКО Зоран Џорлев), а аранжманот го направи неговиот долгогодишен соработник и другар Беџо Синановски…“, напиша Огнен.

Летото минаатата година, порталите ја пренесоа веста дека Огнен е позитивен на новиот вирус.

Тој на социјалните мрежи објавувајќи фотографија од болница се огласи и ги потврди пишувањата на домашните медиуми.

Пејачот неодамна направи промена односно стана русокос, па сега за „Grand news“ откри зошто се одлучил за таков чекор. „Сакам промени и ги следам трендовите.

Почувствував потреба за промена, а воедно и подготвував нов спот во кој сакам да изгледам поразлично“, вели Огнен.

Огнен раскажа по што ќе ја памети 2021 година која за жал за него и за целото негово семејство многу тажно започна, и исто така раскажа во што верува дека ќе се случи во 2022 година.

– 2021 за мене беше најлошата година во мојот живот, бидејќи ми почна најлошо… На 1-ви Јануари, на првиот ден во новата година поч ина мојот најголем идол, мојот вујко Зоран Џорлев..

Веќе помина цела година а како вчера да беше се… Би сакал да можам да го вратам времето и да ги избришам сите лоши работи како да не се случиле или да заборавам на тоа, но за жал тоа е невозможно..

Пред крајот на оваа година ми се случија и убави работи, снимив нови песни кој ќе излезат во новата 2022, така да наскоро очекувајте нови работи од мене.

Исто така пресреќен сум бидејќи почнав да соработувам со најдобрите и го добив најдобриот менаџер Zhele Darko Manasijeski!

Нека новата 2022 ни започне најубаво на сите и да ни се случуваат само најубави работи. Останете ми сите здрави и живи, сакајте се, ширете убава енергија и позитивни мисли и бидете најуспешни. СРЕЌНА НОВА 2022!

Previous articleСе огласи Јован Јованов од Канада по долго време, со посебен повод (ФОТО)
Next articleДанела се огласи денес на 31ви (ВИДЕО)