Home Live Се огласи Јован Јованов од Канада по долго време, со посебен повод...

Се огласи Јован Јованов од Канада по долго време, со посебен повод (ФОТО)

Јован Јованов е еден од нашитре најпознати музичари. Тој е пејач и композитор, а музичаката кариера ја започна со групата „Магија“ и хитот кој се вика исто како групата.

-Првите стихови ги напишав кога имав 10 години. Од тогаш музиката и компонирањето ми станаа моја прва љубов. Од 16 години веќе почнав да заработувам и живеам од музика. Од тогаш љубовта ми стана работа.

Тоа беа годините кога со групата „Магија“ постигнав популарност, доживеав успех кој не беше секојдневен за моите врсници.

Животот ми се смени комплетно. Учев и работев. Одев на часови а одев и на состаноци. Имав визија и план и го правев тоа што го сакав.

Додека студирав го отворив и моето прво студио за создавање и снимање на песни.

Бев најмлад кантавтор што победил на Макфест во 1998 година и најмлад композитор што ја претставувал Македонија на Избор за песна на Евровизија во 2004, со песна во изведба на Тоше Проески.

Започнав и соло кариера но, 90% од моето творештво беше за други изведувачи. Уметноста кон создавањето на музика со модерниот звук беше мојот приоритет“, изјави тој во интервју за mojzbordotcom.wordpress.com

-Отворив и продуценска куќа и бев менаџер на Слаткаристика, Next Time, Елвир Мекиќ, Тони Зен и други. Огранизирав преку 30 концерти на познати Балкански Sвезди.

Со тек на време осетив дека повеќе сум насочен на бизнис а не на музика. Се повеќе се одалечував од мојот сон и мојата мисија. Тоа и беше една од големите причини зошто пресеков се.

Ги затворив моите две фирми и решив да заминам и да се посветам на тоа што најмногу го сакам. Во 2014 заминав во Холивуд да учам за саунд инжинер. Сакав да го усовршам моето знаење и да го запознаат правиот музички бизнис.

После една година живење и студирање во Холивуд во 2015 година добив иселенична виза за Канада и се преселив во Торонто.

Тука работам исто што и работев во Македонија. Имам свое студио за снимање и миксање на песни, создавам музика, аранжман (продукција). Работам со канадски артисти.

Посветен сум максимално на ова подрачје и фокусиран да постигнам поголем успех. Во исто време сиве овие години создавам конекции за наскоро да се префрлам со живеење и работа во Холивуд. Тоа е мојата желба од дете и работам на тоа“, изјави Јован во истото интервју.

Јован Јованов вели дека за неполни три години колку што живее во Канада со семејството, одлично се вклопил. Во интервјуто за Женски магазин, Јованов вели дека отворил свое студио и целосно егзистира од музика. Во Канада, тој живее со сопругата Николина и со ќерката.

„ Цел живот имав желба да заминам од Македонија, ама успехот што го постигнав на млади години ме залажа за да останам и повеќе отколку што планирав. Уште како дете, сон ми беше да живеам во Америка, поточно во Беверли Хилс. Да работам и создавам музика таму.

Не знам ни јас зошто толку чекав, но веројатно требаше да имам и доволно финансии и искуство, па така во 2014 година заминав за Холивуд, за да се усовршам. Пред да тргнам за Америка, јас и моето семејтво веќе аплицираме за иселеничка канадска виза.

Така што, ние бевме комплетно решени и подготвени да заминеме. Или во Америка или во Канада. Иако имав многу успеси, никогаш не бев задоволен од тоа колку заработувам во Македонија. Знаев дека можам многу повеќе.

Така што во ниту еден момент не се покаjав. Откако живеeв во Холивуд а после тоа во Торонто искрено, се каjам што и порано не сум заминал“, откри Јованов.

Тој објави слика на Фејсбук каде што се гледа дека животот во Канада баш му годи, но она што може да се забележи е неверојатно, дека Јован е младолик и изгледа речиси исто како во времето кога беше во групата „Магија“.

Јиванов објавил празнични фотографии од него и од неговото семејство како среќно уживаат во неговиот нов дом во Канада, а на сликите се и неговиот брат и мајката кои аедно со нив ги минуаваат празниците.

Previous articleСнеже Велков ѝ се врати на старата љубов (ФОТО)
Next articleОгнен: Би сакал да можам да гo вратам времето и да ги избришам сите лоши работи