Home Live Снеже Велков ѝ се врати на старата љубов (ФОТО)

Снеже Велков ѝ се врати на старата љубов (ФОТО)

Водителката Снеже Велков на Фејсбук напиша статус во кој можат сите да се препознааат, а таа инаку често ги мотивира своите следбенички со убави и охрабрувачки мисли. Овој пат, Снеже напиша:

-Сакав да ти кажам дека си убава. Да ти што читаш сега,Ти си убава и имаш самодоверба и си храбра и силна. И сабајле кога стануваш си најубава

Веројатно не се сеќаваш ама кога се будеше наутро ти беше најубавото нешто што го гледаше твојата мајка. Аха и такво сонливо и бушаво и со полна моч ана пелена те гушкаше мама…

Зошто ти си совршенство. И кога ќе се измачкаше по муцето дур те хранеше баба- беше најубава.

И кога сама ќе се “дотераше” со кармин низ лицето и лак на фустанчето и тогаш беше најубава и се перчеше знаеш? И кога ќе паднеше па белите хулахопки ќе ги направеше со прав и тогаш гордо ќе се истресеше и ќе се вратеше во игра…

И кога фустанчето ќе ти се поткренеше напред оти мешето ти беше големо..тоа не те спречуваше самоуверено да викнеш: Јас принцеза! Ти кажувала мама сигурно како си го бакнувала огледалото бакнувајќи се себе си дека се сакаш. И кога врескаше на цел глас замислувајќи се дека си позната пејачка знаеш дека во тој момент ти беше тоа.

И кога ќе ги построеше децата пред зграда и ќе им речеше е сега јас сум ви учителка знаеш дека веруваше во тоа… Па убава,храбра,сигурна и самоуверена принцезо…

Зошто мила му дозволи на светов да те направи кревка?“, е приказната која Снеже ја напиша а според хаштагот

Трчај по соништата кој го напишала под објавата, личи дека Снеже си го посветила на самата на себе, како и на другите убави жени.

Снеже Велков е позната водителка, хуманитарка, но позната е и како личност која го негува здравиот живот, со вежбање и со исхрана.

Во интервју за Женски магазин таа зборуваше за тоа како станала пилатес инструкторка. -Сѐ си дојде на свое место, мене ми требаше пауза, немаше некој нов проект кој ми правеше адреналин.

Подолго време во себе си викав дека се изморив од патувања дека ми треба релаксирање од ТВ и дека сакам да пробам нешто друго, и ете свесно си направив да ми се случи и убаво ми е. раскажа Снеже за својата пауза од телевизијата.

„Пилатесот ми е љубов голема. Се засакавме пред девет години, а пред некои две влеговме во сериозна врска – станав инструктор. Чудна некоја енергија на поврзување и завист има меѓу мене и вежбањето.

Ненормална моќ на привлекување и недостаток. Чудо едно разбирливо само за оние кои навлегле и со умот и со телото во оваа дисциплина. Она: „пропушти искачанка, пропушти оброк, не пропуштај тренинг“ е мое мото последниве години.

Пилатесот ми е прво љубов, па професија.“, одговара Снеже за нејзината нова страст. Вели дека на пилатес ја навлекле прво другарките, и ја оставиле да ужива во нејзината зависност од него.

А идејата за да стане инструктор и ја всадиле нејзините први две инструкторки Ирина и Ивана. Инструкторката Ирина Митевска, ненадејно си замина од овој свет во мај во 2017 година, на 41 возраст.

Снеже долги години ја гледавме на Бекстејџ, и потоа си замина од оваа наша позната естрадна емисија. Потоа водеше хуманитарна емисија со наслов „Вип на еден ден“, а потоа долго ја немаше на ТВ екраните.

Сега Снеже пак се враќа на старата љубов, тоест Бекстејџ, што се покажа во едно нејзино стори. Снеже објави стори на Инстаграм, прво како вози велосипед како и секое утро, а потоа слика која најавува дека ќе се враќа на Бекстејџ на телевизија Телма.

Previous articleЦеца оваа песна ја посвети на Аркан и на децата, ова е долго чувана тајна
Next articleСе огласи Јован Јованов од Канада по долго време, со посебен повод (ФОТО)