Home News Човекот кој интелегентно и донесе независност на Македонија – кој беше Киро...

Човекот кој интелегентно и донесе независност на Македонија – кој беше Киро Глигоров

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Калинка Габер, денеска положи цвеќе на гр обот на претседателот Киро Глигоров.

Денеска се навршуваат 10 години од упокојувањето на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров кој на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум ја прогласи независноста на државата.

Претседателот Глигоров беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН.

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје, положи свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, по повод 10 – годишнината од неговото упокојување.

„Десет години по упокојувањето на првиот претседател на независна Македонија, во Скопје се уште нема споменик на човек чија политичка кариера траеше половина век.

Во градот на спомениците, за него нема место. Киро Глигоров беше првиот претседател на независна Македонија, кој успешно, без вој на, ја извади својата земја од југословенската федерација на почетокот на 90-тите години на минатиот век“, пишува Би-Би-Си на српски јазик.

Неговата кариера започнува пет децении порано, преку неговите активности во македонското комунистичко движење за време на Втората све тска во јна, а потоа и преку високите политички функции во комунистичка Југославија, министер за финансии, претседател на Собранието, член на Претседателството на Сојузот на комунистите, стои во текстот.

Под негово раководство, Македонија успеа да го постигне она што ниту една друга југословенска република не успеа да го направи, мирно да ја добие независноста, среде страшна војна.

„Неговиот такт и интелигенција ги внесе земјата и народот во меѓународната заедница како суверена држава, што дојде по бројните обиди да се зачуваат врските меѓу членовите на федерацијата“, се сеќава тогашниот шеф на македонската дипломатија Денко Малески.

По повод десетгодишнината од упокојувањето на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ во состав Миле Зечевиќ, генерален секретар, Ана Данева Маркова членка на ИО на СДСМ и Марија Иванова, потпретседателка на СДММ, денеска оддаде почит и положи цвеќе на неговото вечното почивалиште.

СДСМ и сите граѓани со особена почит се сеќаваат и ги вреднуваат државните достигнувањата на претседателот Глигоров кој го отвори европскиот пат на земјата.

Заложбите на претседателот Глигоров за напредок на државата, неговите државнички политики, изградија значајни пријателства, отворија соработка и создадоа заедништво внатре и во светот, со што јасно ја постави насоката и го зацрта патот на интеграцијата и развојот, којшто денес со гордост го продолжуваме.

Претседателот Глигоров беше и останува почитуван политичар и државник во регионот и светот, чие искуство и мудрост и денес се вреднуваат и ценат.

Тој е претседател кој ја зачува својата татковина безбедна и успеа да ја постави на патот кон Европа.

СДСМ како одговорна и државничка партија која се води од интересите на граѓаните и државата, останува цврсто определена да ги негува и спроведува вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе, напишаа во соопштение од партијата.

Previous articleВо фустанче месо боја, Стојне Николова наздрави со посебен повод (ФОТО)
Next articleСтарите верувале дека е многу важно кој прв ќе ти влезе дома на утрешен ден – утре е Свети Игњат