Home Live Данела објави слика со сопругот и синот: Повеќе од 20 години традиција,...

Данела објави слика со сопругот и синот: Повеќе од 20 години традиција, новогодишно утро на Водно (ФОТО)

Данела Арсовска е втората жена градоначаланик на Скопје, а првата во 30-те години самостојна Македонија.

Таа во една прилика раскажа дека нејзината најголема поддршка се синот и сопругопрт Ангел, а за Република раскажа за тоа која е приватно Данела:

– Мајка, сопруга, ќерка, сестра. Моите пријатели велат дека сум човек на кој може да се потпрат, човек што кога нешто ќе вети тоа го исполнува. Упорна сум и откажувањето не е опција за мене, ниту во работата ниту во приватниот живот.

Живеам за предизвици. Не сакам да слушам изговори и не давам изговори дека нешто не може да се направи, сакам работите да се завршат.

Пред се сум семејна личност – мојот син и мојот сопруг се мојата среќа, мојот дом и мојата поддршка.

Сме поминале и добри денови, но и тешки времиња во борба за добро здравје и во борба за живот, а тоа нè прави уште посилни. Велат дека сум борец. А јас велам, во животот секој се соочува со свои битки што треба да се добијат! – вели Арсовска за себе.

Арсовска има диплома по право на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има магистратура по економија и извршно образование од Универзитетот во Оксфорд и Универзитетот во Шефилд.

Таа држи низа академски и консултантски позиции во Македонија и на меѓународно ниво и држела предавања за развојни теми на универзитети и конференции.

Данела Арсовска е веќе два месеци градоначалник на Град Скопје.

Арсовска вчера на својот профил на социјалните мрежи напиша дека новогодишната вечер ја минале со луѓето кои се грижат за нашето здравје и безбедност.

Припадниците на Службата за итна мединска помош, полициската станица за општа надлежност Кисела Вода СВР Скопје и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

-Чест ми е што имавме можност да сме со нив вечерва, голема почит за нивната неуморна работа во служба на граѓаните, напиша Арсовска.

Арсовска информира и за тоа дека првороденото бебе во Скопје во 2022 година се роди по природен пат, на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство. За родилката Сузана Стошиќ, Михаил е четврто дете.

-Ја посетивме и Симона Петровски, која на свет ја донесе Теодора, само една минута подоцна, две минути по полноќ. На двете родилки и нивните семејства им посакуваме здравје и среќа во годините кои претстојат, да се радуваат на успесите на своите деца, напиша Арсовска.

Ова утро, Данела Арсовска, заедно со синот и сопругот Ангел, кој е инаку љубител на планините, се искачија на Водно. Ова е нивна семејна традиција, вели градоначалничката Арсовска:

„Повеќе од 20 години традиција, новогодишно утро на Водно.

Нека ви е среќна и успешна годината што претстои, здравје и радосни моменти поминати со најблиските. За многу години!“

Previous articleНикола Груевски раскажа што му кажал пријател, честитајќи си ја Нова година
Next articleКоки Јанков се одјави, си легна на спална, ама со кого? (ФОТО)