Home Live Коки Јанков се одјави, си легна на спална, ама со кого? (ФОТО)

Коки Јанков се одјави, си легна на спална, ама со кого? (ФОТО)

Музичарот Никола Јанков – Коки Јанков е познат како одличен музичар и е актуелен според своите успеси, уште од времето кога беше дел од дупто Дуле и Коки со Дуле кој за жал го напушти овој свет.

Но, тој е актуелен и по приватниот живот, откако става крај и на вториот брак, а тоа го пренесе естрадниот магазин „Бекстејџ“. Коки од првата сопруга Росана, со која имаат и ќерка, се разведе по десет години брак.

Неколку месеци подоцна се регистрираше со скопската адвокатка Маја Парговска, со која, пак, бил во четиригодишна врска пред врската со Росана. Музичарот не сака да зборува за приватниот живот во јавноста.

Љубовниот живот на Коки е како холивудска филмска приказна.

По разводот, Коки се исели од станот и се смири со поранешната девојка, адвокатката Маја Перговска. По гласините дека Коки тајно се оженил, тој откри дека не станува збор за никакаква свадба.

„Маја и јас сме во брак веќе извесно време. Немаше свадба, само склучивме граѓански брак. Забавата за која многумина мислеа дека е свадба, не е никаква венчавка, и нема зошто било што да криеме.

Маја славеше роденден, забавата беше по тој повод. Траеше од 21 часот до полноќ, и која е логиката да правам свадба која трае само три часа, и зошто би била тајна“, изјави виолинистот.

„Бекстејџ“ потоа ги објави гласините дека Никола Јанков Коки кој беше дел од дуото „Дуле и Коки“ се разведува и од втората сопруга, по бракот со Росана.

Нивниот развод помина без поголеми проблеми, а Коки откако се разделија се отсели од нивниот стан.

Тој набргу потоа замина да живее со Маја со која беше во врска пред да се ожени со Росана.

Тие по 11 години повторно се сретнале, а по некое време решија да ја крунисаат нивната љубов со брак.

Тие склучија граѓански брак и не направија голема веселба, иако некои медиуми објавија дека направиле интимна свадба.

Коки овие информации тогаш ги демантираше и изјави дека не била во прашање свадба, туку прослава на роденден.

Бекстејџ деновиве објави дека Коки немал среќа и овој пат, со неговата нова сопруга, па по неколку месеци решиле да се разделат и во тек е бракоразводна постапка.

Како што објави Бекстејџ, тие решиле да се разделат по низа расправии и несогласувања на кои сведочеле и соседите.

А неговата поранешна сопруга Росана? Таа за тоа време мудро си молчи. Росана уживаше во улогата на бренд амбасадор на моден бренд, и ужива да се фотографира насмеана, дотерана и да објавува слики од гостувањата на ТВ.

Росана ги сака и прошетките во природа со ќерката и дружбите со пријателите. Изгледа дека разводот навистина ѝ годи. Или можеби пак, има некој што ја прави многу среќна и исполнета.

Од свирка на свирка, од настап на настап пред и за време на новогодишните празници, Коки Јанков се премори, си легна и се одјави.

Јанков објави слика од него во својата спална, но не се пофали дали некој спие до него, и на тој начин на пријателите им ја честиташе Новата година.

Previous articleДанела објави слика со сопругот и синот: Повеќе од 20 години традиција, новогодишно утро на Водно (ФОТО)
Next articleЕве што прави сега Орце од групата „Арија“, има жена „авион“, ја бaтaли музиката и не живее во Македонија (ФОТО)