Home Live Никола Груевски раскажа што му кажал пријател, честитајќи си ја Нова година

Никола Груевски раскажа што му кажал пријател, честитајќи си ја Нова година

Статус на Никола Груевски: Вчера се видов со еден пријател и честитајки си ја новата 2022 година ми вели:

“дедо ми викаше: нека биде подобра од претходната година, биди скромен, оти ‘среќна’ ми личи преоптимистички, биди задоволен и со подобра”.

Му велам: “да пробаме ние да е среќна, за да биде барем подобра”, А еден друг пријател ми вели: “среќата знае и да изненади”.

Посакувам што повеќе желби и планови да ви се исполнат, но и се потсетувам на една шеговита мисла на Ајнштајн во која вели дека ако сакаш да го насмееш Господ, кажи му ги твоите планови за следната година.

Сепак треба да имаме желби и планови, да посакуваме и сакаме, бидејќи тие се почетокот на секое придвижување кон промени на подобро, среќа и успеси.

И конечно се присетувам на една мисла на познатиот филозоф Артур Шопенхауер во која вели дека судбината ги меша картите, а ние играме.

Но, за момент да ги оставиме овие “шегобијци” и “песимисти” на страна и да си кажеме:

Среќна нова 2022 година! Имајте добро здравје, спокојство и носете во себе што повеќе љубов а ослободете се од секаква омрза и злоба. Тоа е доволно за барем малку да се чувствувате среќни.

…и сакајте. Секогаш има причана да се сака нешто и некого. Сакањето е среќа! Поголема од да бидеш сакан. Несакањето е тага. Платон би додал: “Љубовта е во оној кој сака, а не во оној кој е сакан”.

И тука повторно “би се вмешал” Шопенхауер и би рекол дека не треба премногу да се врзувате за нешто или некого што можете да го загубите. Бидејќи ќе бидете тажни ако го загубите. “Животот е стp адање.

Стp адањето го предизвикуваат врзувањата (за објектите, идеите, личностите, за самиот опстанок)”. Кој и од овие две размислувања да ви се поблиски:

Бидете среќни!!! (И не го заборавајте Бог кога ќе го добиете она за што сте се молеле).“

Previous articleМартин Вучиќ му одговори на Ташев, кој тврди дека „Танец“ бил Бугарски
Next articleДанела објави слика со сопругот и синот: Повеќе од 20 години традиција, новогодишно утро на Водно (ФОТО)