Home Live Зоки Фаци кидна од Македонија, облече Долче и Габан и порача: Ако...

Зоки Фаци кидна од Македонија, облече Долче и Габан и порача: Ако ви кажам што ми се исподеси во годината што помина, за глава ќе се фатите (ФОТО)

Нашиот познат новинар и водител Зоки Фаци секогаш знае како да предизвика внимание. Тој во една прилика објави постара слика, како ја интервјуира Северина, а потоа, кој е неговиот бакнеж од милион долари.

Тој објави слика како го бакнува Цеца и напиша: Бакнеж од милион долари.

Зоки – Фаци е познат естраден новинар, кој своја авторска емисија имаше на поранешната А1 телевизија, а особено беше активен и на пропаднатата 1ТВ, на Бојан Јовановски, со кого беа и приватно пријатели.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

Естрадниот новинар и ТВ водител нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми. Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.

Добро познато е дека Зоран по професија е ветеринар, но животот му носеше друга насока па заврши како новинар -Да ви кажам искрено, да ми кажеше некој дека ќе го работам ова што го работам денес немаше да му верувам.

Кога завршив факултет отидов до зоолошка градина да волонтирам, убаво почна се, но со еден оглас во весникот Вест, каде што бараа ветеринар да пишува за животни ми се промени животот. И така започна се.

Премногу сум емотивен, немам ништо заедничко со тоа што го работам. Пред се ми е семејството, на второ место ми се животните, а потоа природата. Кога сум дома читам книги, гледам Анимал Планет и Дискавери.“, рече тој.

Претходнп во интервјуто со Стефан Лазаров на Јутјуб, тој кажа: Работам во „Фламинго“, таму сум маркетинг и ПР, работам во „Ми каса“, работам на Инстаграм, свашта правам.

Минатата година, Фаци не само што ја напушти нашата држава, туку го напушти и континентот и замина далеку, во арапскиот свет. Имено тој уживаше во Обединетите Арапски Емирати каде што ужива во убавините на Дубаи.

Ниту ситуацијата со вирусот не го спречи Зоки Фаци да замине преку границите. Тој на својот профил на Инстаграм секојдневно објавува во каква убавина ужива.

Откако ги спакува куферите и тоа во поголем број и ја напушти Македонија, па со лет од Софија замина во арапскиот свет едноставно го споделува секој момент од престојот во Дубаи.

Зоки Фаци на Инстаграм постојано објавуваше што прави, фотографии и видеа од плажа, од хотелска соба, од шопинг, од ресторани, како шета. Нормално, тој со своите објави предизвика големо внимание, па има многу реакции од своите фанови и пријатели.

Зоки Фаци, се налути зошто на Инстаграм не му ставаат лајкови, па на оние кои го следат а не го лакјкуваат на Инста стори ги нарече „Клоша-ри провидни“. Зоки тоа на овој начин го објасни:

– Кло-шари провидни. А тоа иде вака: Зоки, шо правиш? Абе, да не имаш илјадарче до први? Јас: Срцка, зашто ме игнорираш на Инста? И одма имаш 30 лајка…“, напиша Зоки.

Сега, тој повтпрно му ја дувна од Македонија, и замина пак во топли краишта, и тоа пак во Дубаи. Од таму, Фаци објави убава слика ама и стилски облечен во маичка Долче и Габана. Така Василевски, уживајќи во убавата глетка која ја покажува зад него, порача:

– Ако ви кажам што ми се исподеси во годината што помина, за глава ќе се фатите, но нема везе, нема да кук ам, во новата ќе биде се ок…

многу здравје, љубов и.. Среќна нова, онаа старата беше ка нце рогена, затоа идемо даље со насмевка“.

Previous articleЕве што прави сега Орце од групата „Арија“, има жена „авион“, ја бaтaли музиката и не живее во Македонија (ФОТО)
Next articleВо фустанче месо боја, Стојне Николова наздрави со посебен повод (ФОТО)