Home News Беше објавено во доцните вечерни часови – на граѓаните не им се...

Беше објавено во доцните вечерни часови – на граѓаните не им се верува, струјата во Турција поскапе 50 проценти, а гасот 25

Струјата кај нас поскапе за 10 проценти. За корисниците на регуларниот пазар ќе важи во првите шест месеци од наредната година. Сите енергетски компании веќе побараа зголемување на цената на електричната енергија, соопшти пред неколку дена претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

-Во однос на укинувањето на дневната евтина тарифа, Бислимовски рече дека поради зголемен увоз во периодот на важење на периодот на дневната евтина тарифа, имајќи ги предвид екстремно високите цени, увозот ги чини 100 илјади евра дневно.

Овој товар електро-енергетскиот сектор не може повеќе да го понесе и тоа е една и единствена причина поради која што се укинува дневната евтина тарифа“, рече Бислимовски.

Доколку не се укинеше дневната евтина тарифа, зголемувањето на цената на струјата ќе требаше да изнесува 14,23 проценти, рече Бислимовски.

Тој исто така посочи дека Европа и Македонија се соочени со една од најголемите енергетски кризи, со што ги повика граѓаните на штедење посочувајќи дека ова зголемување е минимум што можела да го направи РКЕ.

Во однос на тоа дали компаниите се задоволни со покачувањето на цената, тој рече дека тие не се задоволни, но дека истовремено се свесни дека доколку има драстично зголемување на цената, нема да соберат повеќе пари од потрошувачите поради драстично намалување на степенот на наплата.

Синоќа, нешто пред полноќ, граѓаните на Турција во неверување ја примија веста за големото поскапување на енергијата, бензинот, патарините и автомобилското осигурување.

Струјата за домаќинствата во 2022 година порасна за 50 отсто, а за индустријата дури 125 отсто, објави Регулаторната агенција за енергетскиот пазар, со објаснување дека пораснале цените на енергијата на светскиот пазар.

Цената на природниот гас скокна за 25 отсто за домаќинствата и 50 отсто за индустријата, соопшти националниот дистрибутер БОТАС.

Куповната моќ на турските потрошувачи е во пад поради инфлацијата која порасна за повеќе од 21 отсто и падот на вредноста на турската лира по серијата кратења на каматите.

Во Истанбул, малопродажните цени се зголемија за речиси 35 отсто во декември во однос на претходната година, што е најмногу во последните години, соопшти Истанбулската стопанска комора.

Новите поскапувања дополнително ќе ја зголемат инфлацијата. Турската лира за една година ослабе речиси 45 отсто во однос на американскиот долар.

Поскапувањата ги критикуваше опозицијата: „Ердоган… ги принудуваш луѓето да проголтаат огромни поскапувања на почетокот на новата година“, коментираше на Твитер лидерот на главната опозициска партија ЦХП (Републиканска народна партија) Кемал Киличдароглу.

Previous articleНаташа Беквалац: Гладував и бев на инфузиja за да не се здeбeлaм
Next articleНеколку години како сум ојден од Прилеп во Германија – парите се вртат во круг, немаме некоја заштеда