Home Live Неколку години како сум ојден од Прилеп во Германија – парите се...

Неколку години како сум ојден од Прилеп во Германија – парите се вртат во круг, немаме некоја заштеда

Веќе шест години сме во Германија и не ни е лошо, грев е да се жалиме, вели Македонец кој со сопругата и со двете деца живее близу до Берлин.

Прво отидов сам, живеев кај родина и вечно ќе му бидам благодарен што ме прими кога немав каде. Набрзо потоа, најдов работа на едно стовариште.

Јас сум инаку дипомиран педагог, но тропајќи од една на друга врата кај нас никако не најдов работа.

Предавав во две приватни училишта, на замена, едното се затвори, од еденото морав да си заминам откако колешката дојде од породилно.

Имам работено и како курир, како чувар, и што уште не, се додека не решив дека среќата треба да си ја барам надвор.

Не патам од комплекси дека јас како просветен работник треба да влечам вреќи и да буткам количка, и место знаење да пренесувам вреќи со цемент. Работата ми беше добро платена, како за почеток.

Заминав од Прилеп со некоја заштеда што ја имав, нешто позајмив, и среќа голема е што за кратко време откако заминав, успеав да најдам едно мало станче под кирија, и го ослободив роднината од обврска кон мене.

Рацете ме болеа, грбот ме болеше, работата беше физички многу тешка, но платата во секој случај подобра од од онаа кај нас.

Потоа, најдов работа во еден магацин, за подобра плата, но повторно физички тешка работа, и на смени.

Сопругата ми дојде една година откако бев таму. Среќа па со ефитините летови можев да си дозволам два пати да одам дома и да си ги видам децата во меѓувреме.

Две години откако се преселив, успеав да ги донесам сопругата и децата. Сега имаме поголем стан, колку за нас четворица е таман, децата тргнаа овде на училиште.

Сопругата не успеа уште да си најде работа, таа е сметководител, и не бира работа. Но во оваа ситуација подобро што е дома, барем се грижи за децата.

Имаме добар живот овде. Многу-многу со нашинци не се дружиме, и пред вирусов и сега нема некои искачанки, дружби, одење по гости. За сметки, за храна и за пристоен живот имаме. И толку.

Ама пак, со една плата да тргаме на страна не можеме да си дозволиме многу. Некако, парите како да ни се вртат во круг.

Човек си, сакаш на одмор да отидеш. Наоѓавме пред да се случи вирусов по некој ефтин аранжман во Шпанија вон сезона, на нас Македонците тоа што на Европјаните им е средна класа, за нас е топ луксуз.

Сега веќе не одиме на одмор, трошиме само за основни потреби, ама пак не можеш пари на страна на тргнеш.

Некако, се вртат во круг. Храна, сметки, облека за децата, кирија. Пак ќе речам, греота е да се жаиме затоа што овде имаме да го истуркаме месецот, никогаш без пари не сме останале, ама трошоците се тие.

Некои од нашинците мислат дека ние тука ептен како кралеви живееме, некои мислат дека сме тешка беда.

Не е ни едното ни другото, само како што реков, за она што е основно си имаме, а дома ни тоа го немавме“, раскажа Македонецот за нашиот портал.

Previous articleБеше објавено во доцните вечерни часови – на граѓаните не им се верува, струјата во Турција поскапе 50 проценти, а гасот 25
Next articleПоследното истражување покажа дека симптомите од новиот сој се јавуваат за само 3 дена