Home News Ѓорѓи Спасов распали по Слави Трифонов: Уценувачи и трговци

Ѓорѓи Спасов распали по Слави Трифонов: Уценувачи и трговци

Ллидерот на бугарското движење „Има таков народ“, Слави Трифонов, со најнова идеја како да се реши спорот меѓу Бугарија и Македонија.

Тој на својот Фејсбук-профил предложи Бугарија да и дозволи влез на Северна Македонија во Европска унија, ако Соединетите Американски Држави ги укинат визите за бугарските граѓани и земјата веднаш да стане членка на Шенген зоната.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Трифонов во објавата пишува дека по толку чекање и тие треба да станат Европејци.

-Сега сме помалку Европејци од вистински Европејци. Значи барам веднаш да нема визи за САД и веднаш да станеме членка на Шенген зоната, додава тој.

Според Трифонов темата за Северна Македонија е важна за сите Бугари. -Бидејќи е дел од нашата национална историја и бидејќи над 200 илјади бугарски војници загинале за слободата и обединувањето на таа земја,

смета Трифонов и додава дека бил во посета на Скопје и на бугарската Амбасада со спреј било испишано „Бугари умрете!“. -Зошто бе луѓе, што сме ви направиле за да искажувате таква омраза?, напиша Трифонов во врска со тој напис.

Во објавата, лидерот на движењето „Има таков народ“ вели дека околу сто илјади Македонци имаат бугарски пасош и додава дека за да се добие тој пасош потребно е да ги докажат бугарските корени.

Вели дека со таквите изрази на омраза оние македонски граѓани, кои имаат бугарски пасош одат против самите себе, бидејќи се „Бугари по пасош и по нивна желба“.

– Во вашите учебници по историја пишува дека Бугарите се фашисти. Значи, вие самите сте фашисти, додава тој.

Трифонов потсети дека на 10 јануари кај претседателот на државата, Румен Радев ќе се одржи советодавен состанок на којшто ќе се разговара за Северна Македонија.

Коментар за ваквите позиции на Трифонов има професорот Ѓорѓи Спасов:

„Уценувачи и трговци. Слави Трифонов кој некогаш од еден графит на ѕидот спроти бугарската амбасада во Скопје се убедил дека Македонците ги мp аз ат Бугарите, и кој има партија без чија подршка нема влада во Бугарија,открива денес дека Бугарија ја уценува Македонија со цел да изнуди од САД укинување на визите за Бугарите а од ЕУ да ја прими Бугарија во Шенген зоната.

Тој како “голем” политичар денес објавува дека Бугарија би требала да биде спремна за таква трговија со САД и со ЕУ кои бараат од неа да го крене ветото за започнување на разговори на Македонија со ЕУ но и додава дека Македонија може

да стане членка само откако , покрај ова, ќе прифати да испочитува се што се бара од неа при спроведување на Договорот.

И толку од оптимизмот на Османи и Бучковски за очекуваното кревање на бугарското вето. А кревањето на оптимизмот и кревањето на ветото се две различни работи.

Време е да почнат да го ветуваат само она што зависи од нас а не и од други врз кои не можат да влијаат со било какви дипломатски средства“, пишува Спасов во својот статус.

Previous article„Доста бeше…“: На Лила Филиповска и дојде преку глава: Не дека немаше убави моменти, но во Новата година посакувам сè што не беше оваа
Next articleЗамина Марјан Додовски – веста за неговото упокојување ја објави Иванка Василевска