Home News Од Марјан Додовски, со одбрани зборови се прости и Христијан Мицкоски

Од Марјан Додовски, со одбрани зборови се прости и Христијан Мицкоски

Утрово силно одекна веста, дека по кратко боледување се упокоил поранешниот министер во Владата, Марјан Додовски.

Марјан Додовски беше поранешен министер за животна средина, а последната функција што ја извршуваше како кадар на ВМРО-ДПМНЕ беше директор на загубарот „Еурокомпозит“ до 2017.

Од 2005 година е член на Советот на град Скопје, а пратеник во во Собранието од 2006 до 2008 година.

Во октомври 2009 година е избран за претседател на ВМРО-НП, а од февруари 2012 година преминува во ВМРО-ДПМНЕ. Неговото враќање во ВМРО-ДПМНЕ предизвика турбуленции кај симпатизерите на десницата во тој период.

Веста за неговото упокојување ја соопшти неговата поранешна сопруга Иванка Василевска, актуелна пратеничка во Собранието:

„Во длабока жал ве известуваме дека ноќеска, на државната клиника, прерано не напушти Марјан Додовски.

Марјан беше голем и посветен борец за Македонија, прв министер за животна средина и просторно планирање на ВМРО-ДПМНЕ, во својата плодна кариера извршуваше бројни партиски и државни функции но, пред се и најважно од се тој беше татко на мојата, на нашата Марија Додовска..

Не остави во голема жалост, а Македонија изгуби голем човек. Марјан почивај во мир“, напиша Иванка Василевска на својата страна на социјалните мрежи.

Од Марјан Додовски се прости и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:

„Со искрено жалење ја примив тажната вест за смртта на Марјан Додовски кој беше член на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен министер, пратеник и општествен чинител во Република Македонија.

Во македонската политичка и општествена меморија ќе остане запаметена неговата посветена работа. Јавноста ќе го запамети како човекот кој го спаси Дојранското Езеро од еколошката катастрофа, но и по низа на други проекти кои ги остави зад себе.

Македонија изгуби човек познат по посветената работа, ентузијазмот, искрена љубовта кон Македонија и активен чинител во политичкиот живот во нашата земја во поновата историја.

Нека почива во мир. Вечна му слава, пишува на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Previous articleВасил Зафирчев ја изненади Калиoпи во нејзиниот стан (ВИДЕО)
Next articleНикола Груевски синоќа се прости од двајца пријатели – едниот е Марјан Додовски, а вториот Коле Бикчето од Охрид