Home News Перо Камиказа распали по Никола Наумоски: Сељобер – Монокотиледонски, наскоро ќе одиш...

Перо Камиказа распали по Никола Наумоски: Сељобер – Монокотиледонски, наскоро ќе одиш на едно место

Кандидатот за градоначалник од Левица на последните локални избори, Петар Георгиевски, застана во одбрана на актуелната градоначалничка Данела Арсовска, по последните напади од оние кои не се согласуваат со нејзините политики.

-Што може да наприви новиот градоначалник, доколку нејзиниот претходник ги потрошил сите пари за следната година, се прашува Георгиевски:

„Јас знаев за 50.000.000 миљони евра долг, и сега да го прашам Валентин од Сител,каков капитален проект можеш да направиш ако претходниот потрошил се за наредната година….

А оваа нова сума пари ,е надвор од памет, и ако е така ,сите од советот на град Скопје се соучесници во гp аб ежот на граѓаните во изминатиот мандат“, напиша Перо Камиказа на својот профил на социјалните мрежи.

Шефот на кабинет на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, Никола Наумоски, завчера на својот профил на социјалните мрежи, го „пецна“ Перо Камиказа, веројатно алудирајќи на неговата поддршка за Данела Арсовска:

„Се чини како Данела да исполнила пола од програмата на Камиказа. Уште да почне да субвенционира патики и човекот може да ум pе среќен.“

На ова не му остана должен Петар Георгиевски и же сток о му одговори, исто така на социјалните мрежи:

„Сељобер-Монокотиледонски. Ти друже што ми посакуваш среќен да ум p ам, ја пееш мојата песна “ДИРЛАДА” пред грчката амбасада со распеани Скопјани.

Да не сакаш да ти ги оставам авторските права,а?! Сега знам дека со Мирко Попов-дијагноза немате пари за бело, па поминавте на ду вање ле пак кој многу брзо ви го суши мозокот.

Набрзо тамо кај што ќе одиш ,нема да имаш право на користење телефон…. Е токму тамо, ти пожелувам долг и среќен живот ,и по можност да ги прочиташ делата на Горан Стефановски кој за тебе е селски гастарбајтер и маалски националист…

Дотогаш јас среќно ќе трчам ,ќе возам точак и пливам,ќе напишам уште по некој хит и ќе го чекам твоето ”воскресение”…

И да ,ако треба,повторно ќе бидам скретничар на возот во кој ти и таквите како тебе ќе се возат ,со една цел,никогаш да не се повторите….

После Русе ти си наредниот.Биди така. Тоалети пред се.“

Previous articleВанковска: Идиoтизaм е потребата да се споредува вредноста на Тома и Јонче
Next articleЦрвен тесен фустан и деколте, Анета Наковска ја запеа Силвана Арменулиќ (ФОТО+ ВИДЕО)