Home News Проф. Трајковски: Тие коишто досега се вакцинирале со две дози добро направиле,...

Проф. Трајковски: Тие коишто досега се вакцинирале со две дози добро направиле, така барем велат бројките

Американските центри за контрола и превенција на болести спровеле истражување со кое утврдиле дека симптомите по зараза со омикрон варијантата на коронавирусот се јавуваат по три дена.

Омикрон кој има поголема заразност и поблаги симптоми има и пократок период на инкубација во однос на делта и на другите варијанти на вирусот. Симптомите на другите соеви коронавирус се јавуваат во просек по пет дена од заразувањето.

Резултатите од истражувањето се објавени во седмичниот извештај за новозаразените и за смртните случаи.

Во истражувањето учествувале шест лица од едно домаќинство за кои имало сомнеж дека се заразени, само едно од овие лица било потполно вакцинирано.

По секвенционирањето на примероците констатирано е дека сите се заразени со омикрон. ЦДЦ потоа докажале дека сипмтомите се појавиле по три дена.

И институтот за јавно здравје на Норвешка ги анализирал симптомите кај 111 луѓе кои пристутвувале на божиќна забава. Најголемиот дел од луѓето биле поотполно вакцинирани, а 73 проценти биле заразени со омикрон.

Никој не бил посериозно болен, а симптомите се појавиле по три дена.

„02.01.2022. Најновите ефективности на вакцините и учествата на вакцинираните кај дијагностицираните и поч инатите.

Тоа што изгледаше како извесно поткревање на ефективноста против заразување во изминатите 3-4 недели, објаснето со давањето трети дози, повеќе како да не важи.

Ваквиот голем пад на ефективноста најверојатно се должи на растечкото учество на омикрон сојот во популацијата, против кого две до зи од постоечките вакцини немаат практично никаква заштита.

Тоа се гледа и од растечкиот удел на вакцинираните меѓу заразените (околу 50%), којшто практично се изедначи со уделот на вакцинираните во популацијата над 18 годишна возраст (пред 2 недели, од кога важи вакцинираноста со 2 дози, изнесуваше исто така околу 50%).

Добрата вест е што ефективноста против смртен исход практично не се намалува.

Доколку броевите не се фингирани, произлегува дека две дози од вакцините се сé уште доволни за заштита од см pт ен исход и дека третата доза воглавно помага за спречување на заразувањето

(додуша на краток рок, а против омикрон сојот ни толку).

Тие коишто досега се вакцинирале со две дози добро направиле, а повеќе корист би имало доколку се вакцинирале повеќе лица со две дози, отколку од давање трети дози на досега вакцинираните.

Така барем велат бројките, без разлика какво е толкувањето од гледна точка на имунолошката наука.“

Previous articleПоследното истражување покажа дека симптомите од новиот сој се јавуваат за само 3 дена
Next articleВанковска: Идиoтизaм е потребата да се споредува вредноста на Тома и Јонче