Home News Фросина Ременски: Не може да се бориш против Грујо, а да не...

Фросина Ременски: Не може да се бориш против Грујо, а да не те интересира како избега

Поранешната пратеничка, министерка, потпретседателка на Собранието и поранешен висок функционер во СДСМ, Фросина Ременски, во своја анализа на состојбите на својот профил на социјалните мрежи, мешудругото пишува:

„…Полека но, сигурно Диркемовото (македонско) аномично општество ги појави своите знаци. Оттуѓени граѓани, оттуѓени од блиските, оттуѓени од работата, оттуѓени од идејата, од мотивацијата, од вербата за утре …, оттуѓени од борбата за подобро.

Не треба да го препрочитам Диркем, за да знам дека, политичката логика на владеењето е фаза на посакувана аномија како мотив за понуден спас, ветено спасение, надеж.

Сите креатори на аномии треба да го дочитаат Диркем до крај, за да ја видат ренесансата по сите експерименти со човекот како политичко суштество.  Едно сигурно знам.

Заборавањето или отстапувањето од клучните пораки и цели во политичката БИТКА со кои е добиена ДОВЕРБАТА од граѓаните е првиот тест за ВОЉАТА да се направи ПРОМЕНА на аномалиите против кои била насочена БОРБАТА.
Еве сликовито, да не ми замерат буквалистите дека “филозофирам”.

Не може да се бориш против Грујо, а да не те интересира како избега од ка3ната и да се правиш незаинтересиран да ги прашаш оние рамолебци во обвинителство “до кај се со таа fucking истрага и кого тоа прават бу дали?”.

Ејјј години се маршираше по улици против владеењето и против големиот кp им иналец Грујо, за да биде толку лесно да се голтне и прифати паролата “ќе го вратиме дома да си ја одлежи казната”. Да не е жално, ќе биде смешно.

Не може да се бориш против Сашо Мијалков, против тој што монтираше случаи и обвиненија, против м о нс тp умот УБК, прислушкувањето, против ба ндите и извршителите на црни нарачки и неправди, а да не прашаш “каде се тие fu k k ing извршители сега и каква е нивната одговорност за страдањата и неправдите платени со народни пари”.

Ејјјј години се маршираше по улици, се слушаа снимки од изживувања, разврат, калашљикови, пиштоли во уста, хотели, трговски удели, ре кети, те пањ а, избор на судии, тефтерчиња за нашите, за нивните, за ендеци, за сотирања …,

за да биде толку лесно да се голтне и прифати да се стави “лајк на пејџот на јавната личност Мијалков” и медиумски да се пренесуваат ставови за некакви “f u k k ing реформи во барата во кој тој котеше риби”.

А никој да праша или да истражи “ало дечко тоа хотелчето на плоштадо дедо ти од Штип во наследство ти го даде?

Таа спасителска војска ние ја плаќаме или ти си ја плаќаш, со таа муниција ловеше или ќе ловиш? Да не е жално, ќе биде смешно…“

Целиот статус на професорката Фросина Ременски, можете да го прочитате на нејзиниот профил на социјалните мрежи, ТУКА

Previous articleМоите ми се зakаниja кога им реков дека ќе се мажам за Аркан- Цеца раскажа се за љубовта со Ражњатовиќ
Next articleСЕ ПОЈАВИ ФОТО ОД ПОГРЕБОТ НА СИЛВАНА АРМЕНУЛИЌ – овој детаљ сите го заборавиле