Home News Никола Груевски синоќа се прости од двајца пријатели – едниот е Марјан...

Никола Груевски синоќа се прости од двајца пријатели – едниот е Марјан Додовски, а вториот Коле Бикчето од Охрид

Вчера ненадејно, најблиските ги напушти поранешниот министер за животна средина во Владата и поранешен пратеник, Марјан Додовски.

Од Додовски на социјалните мрежи се простија многу негови пријатели, роднини и сопартијци. Христијан Мицкоски напиша:

-Со искрено жалење ја примив тажната вест за смртта на Марјан Додовски кој беше член на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен министер, пратеник и општествен чинител во Република Македонија.

Во македонската политичка и општествена меморија ќе остане запаметена неговата посветена работа. Јавноста ќе го запамети како човекот кој го спаси Дојранското Езеро од еколошката катастрофа, но и по низа на други проекти кои ги остави зад себе.

Македонија изгуби човек познат по посветената работа, ентузијазмот, искрена љубовта кон Македонија и активен чинител во политичкиот живот во нашата земја во поновата историја. Нека почива во мир.

Вечна му слава, пишува на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, се прости од Додовски, но и од уште еден истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ:

„Заминаа двајца пријатели… Со жалење ја примив веста за прераното и ненадејно заминување на мојот поранешен колега Марјан Додовски со кого во владата предводена од Љупчо Георгиевски работевме заедно мноштво проекти а најзапамтен остана проектот за спас на дојранското езеро каде Марјан ја имаше главната улога.

Подоцна беше и мој соработник како директор на Еврокомпозити-Прилеп и беше неуморен борец, интелектуалец, пријатен соговорник и патриот. Сочуство до семејството и најблиските. Бог да го прости. Нека почива во мир.

Деновиве имаше уште една тажна вест за тоа дека починал и Никола Вељановски, познат како Коле Бикчето, еден од најмаркантните активисти на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, голем патриот и неуморен во сите партиски активности од основањето на партијата и секогаш подготвен да биде на браникот на татковината.

Никола беше харизматичен и несекојдневен човек чие присуство некаде неможеше а да не биде забележано. Сочуство до семејството и најблиските. Бог да го прости. Нека почива во мир.“

Previous articleОд Марјан Додовски, со одбрани зборови се прости и Христијан Мицкоски
Next articleАнтонио Димитриевски: Гледам многу од вас се „подмочнуваат“, а на некои им тече низ ногавици, кога го гледаат „Тома“