Home Live Сергеј и Миа Костова раскажаа како Лепа Лукиќ ги избркала од забава,...

Сергеј и Миа Костова раскажаа како Лепа Лукиќ ги избркала од забава, ја чепнаа Елена Ристеска и Соња Тарчуловска

Миа Костова гостуваше во емисијата Sergej Reinvented со Сергеј Варошлија на Јутјуб и на почетокот Варошлија реќе дека нема да ја праша Миа колку заработува од Инстаграм, дали има вла кна на јазик и за нејзината љубовна ориентација.




Потоа Миа откри дека Сергеј ја натерал да стане блондинка, кога се сликала за насловна страница за едно списание и рече дека тој работите ги гледал однапред , и ја натерал да ја направи вистинската работа.




Потоа, Миа зборуваше за телевизијата како медиум, и дека во моментов телевизијата како да не постои, затоа што таа не знае да наброи три работи кои одат на телевизија, затоа што нема естрада, никој ништо не работи и водителите немаат кого да викнат на гости.

Потоа Сергеј праша зошто кај нас нема една Северина, една Карлеуша, зошто во Македонија не се создава таква ѕвезда и ја праша Миа:




Дали можеби се срамат, а потоа ја спомена Елена Ристеска. Како Елена Ристеска: Ау, соши ми го шлицот! На фестивал дува ветер жено, отвориу велелетна. Така ја упропасти кариерата!




-Прво мислам дека имаме малце проблем со менталитетот. Мислам дека се ориентираа работите на некои турски серии и нешто што одзема простор во медиум, кои го пратат луѓе 70+.

Некако како дури сега да почнуваат да сфаќаат дека ова е работа. Подобро е да платиш инфлуенсер отколку билборд“, изјави Миа.




Потоа Сергеј ја праша дали е зависна од камера, а таа рече дека не ѝ фали телевизијата, и ја праша дали има скриен талент, а Миа одговори: Имам скриен талент, можам да лежам цело време.

Потоа, Миа и Сергеј го коментираа стајлингот на Миа а Сергеј избра три нејзини омилени фотографии. „Јас сум тазе станата од спиење, исплакната само, имам еден црвен кармин и сликана сум пред зграда.




Овде под фустанот имам чизми коишто ми се многу удобни, немам салонка“, рече Миа една од своите три слики.

Потоа Сергеј го критикуваше стајлингот на Миа од нејзината матурска каде што таа не сакала да облече фустан туку била во шушкави панталони, и исто така една слика од снимање каде што е таа во син краток фустан, а Сергеј ја прашува: Какво робиче е ова?

Потоа се појави уште една слика од Миа за која таа рече: Лелеее, со таа корпа за велигденски јајца на глава!




Ова е многу одамна. На следната слика, Сергеј рече: Кукала ми мајка! Покажаа и слики со Сергеј, каде што Миа е со пунџа, а Сергеј рече: Овде сме дрпнати!

Се појави и слика од Миа каде што е облечена во бело, и на Сергеј му заѕвони телефонот и тој рече:




Соња Тарлуловска ли е? Потоа ја пуштија песната „Во бело“ а Сергеј и Миа се насмејаа на стиховите: Кријам солзи испод велот.

Потоа се појави и слика каде што Сергеј и Миа се со пријатели и се сетија дека тоа било на роденден кај Боки 13. „Овде сме кај Боки на роденден, кај што Лепа Лукиќ не избрка од бина“, се сети Сергеј.




Previous articleМаја Панчева откри кои работи ги направила на своја штeтa и дека ѝ е криво за тоа
Next articleМакедонската пејачка раскажа како Бреговиќ и го cпаcил животот, но и зошто сега слави (ФОТО)