Home News Кунгуловски: После 2 години да повтоpам, бидејќи на некои луѓе не им...

Кунгуловски: После 2 години да повтоpам, бидејќи на некои луѓе не им влегуваат во глава основни работи

Статус на Горан Кунгуловски, шеф на лабораторијата во Жан Митрев клиника:

„За вакцините, SARS-CoV-2 вирусот. После 2 години повторување, пак на некои луѓе не им влегуваат во глава основни работи.

Вакцините се дизајнирани против оригиналниот Вухански сој и кон него штитат (не 100%) во првите неколку месеци и од трасмисија и од сериозен тек на болеста. Заштитата од сериозен тек на болеста останува подолго време, веројатно најмалку 1 година или повеќе.

Секој нов сој е нова приказна, нов вирус базиран на претходниот со нови својства коишто може да имаат импликации врз луѓето и тие без имунитет и тие со имунитет (вакцинирани и/или прележани). НАЈВАЖНОТО својство на вакцината (или природен имунитет) е да штити од сериозен тек на болеста, другото е секундарно.

Пример кај алфа сојот се утврди дека вакцините сеуште штитат од сериозен тек на болеста во процент над 95%, ама дека имаат намален ефект во споредба со оригиналниот сој во однос на трансмисија. Ама си бркаа работа и за едното и другото.

Дојде делта и додатно се сменија правилата на игра. Со неа се покажа дека вакцините сеуште штитат значајно од сериозен тек на болеста, но дека заштитата од зараза е значајно намалена.

Според една студија од ВБ, кога во еден дом би имало заразен со делта, веројатноста да зарази некој вакциниран од истиот дом е 25%, а невакциниран 36%.

Сега со омикронот којшто е силно мутиран во најзначајниот дел на вирусот (spike протеинот) повторно се сменија правилата на игра.

Знаеме дека двојната вакцинираност скоро и ништо да не прави во однос на зараза, а тројната вакцинираност подига ефективност во однос на зараза на околу 70% (барем првите 2-3 месеци).

И кај двојно вакцинираните и тројно вакцинираните, во епидемиолошкиот контекст на омикрон*, заштитата кон сериозен тек на болеста е висок. Веројатно со ефикасност над 90-95% за мРНК вакцини.

Многу важно да се знае е дека кога се гледа ефикасност на вакцина, не се гледа на ниво на индивидуа, туку на ниво на популација.

Анегдотски примери како “комшијата Ставре се зарази со две примени вакцини, ене го на болница, а комшијата Јоне, невакциниран лесно помина” немаат никакво значење и се погубни. Кога се прават споредби треба да се прават и во релевантни категории на луѓе.

Двојно вакциниран 75 годишник има поголем апсолутен ризик за смрт од КОВИД отколку невакциниран 25 годишник. Но кога би имале вакциниран 25 годишник vs невакциниран 25 годишник, вториот ќе има поголем ризик за смрт (иако апсолутниот ризик е мал и за двајцата).

Од студиите јасно се гледа дека двојната вакцинираност во просек го намалува ризикот за фатален исход од 5-15 пати. Пример ако имаме 1000 заразени 75 годишници со имунитет (пр. двојна вакцина) и 1000 заразени 75 годишници без имунитет, од првиве ќе има 5-10 смртни случаи, а од вториве 50-100.

Е драги луѓе и антиваксери, тоа е разликата меѓу луѓе со имунитет (вакцинирани, прележани или комбинации) vs луѓе без имунитет. На ниво на популација вторите ум иpаат многу повеќе.

Вторите многу повеќе се хоспитализираат и го оптоваруваат здравствениот систем со што им оневозможуваат на хронично болните да се лечат. Затоа вакцини и за Вас и за другите.

Според мене крајниот епилог на пандемијата треба да стигне кога оптовареноста на здравствениот систем ќе стане прифатлива.

Можеби грешам, ама веројатно бројката кон којашто треба да целиме е просечната сmp тност од околу 0.1%. За да се достигне тоа сите треба да имаме некаков имунитет.

Тој некаков имунитет за најмладите може да значи 0 вакцини, за младите две дози на вакцини, а за најстарите 3-4-5 дози на вакцини.“

Previous articleКои се симптомите на Флурона – кога ќе се „закачат“ двата вируса
Next articleСе огласи сопругот на Силвана Арменулиќ – Радмило открива што е вистина е што не е во филмот „Тома“