Home Live Мери Јордановска: Ние сме гнидa од народ

Мери Јордановска: Ние сме гнидa од народ

Познатата новинарка Мери Јордановска пред неколку недел, раскажа дека се заразила со вирусот и како го поминала тој период. – 20 дена изолација поради Ковид-19. Истече денеска. Конечно. Вакцинирана со две дози „Фајзер“. Ова е она што можам да ви го кажам – ова е ла мја, ова е чу ма.




1. Ако за лесна клиничка слика, без да бидат дадени антибиотици, се смета температура над 37.5, кога ви е ладно како на -50, па потоа ви е топло како на +50, главоболки кои не се опишуваат, неможност да ја свртите главата без да ви се претумба собата пред очи, неможност да сфатите дали ве боли стомак, глава, мускули, коски, губење мирис (се врати само до некој степен),




кашлица, замор како да сте орале нива, болки во грло, тахикардии, качување на притисокот, тогаш можете да замислите што се смета за средно-тешка или тешка клиничка слика.

2. Дали вакцината помогна да поминеме со полесна клиничка слика? Не можеме да знаеме. Но, јас никогаш не би ризикувала и не би се запрашала дали требаше да ја примам. Сето она што ми го кажа матичната, мојата Aleksandra, на која ѝ симнувам капа, беше така.




Точно знаеше како би се одвивале работите кај невакцинирани и кај вакцинирани, но сепак не пропушти да се јавува секој ден и да не прегледува секој трет ден. И таа за мене беше клучната алка во сиот овој процес.




Така што не 30 денари по пациент – и 30.000 денари по пациент се малку за оние матични лекари на кои кога ќе им кажеш дека си позитивен ти велат „доаѓај одма да те слушнам како дишеш“ и те прегледуваат со скафандер, визир и два маски, и не оставаат еден ден да помине туку-така, на случајност. Матичните лекари, оние кои си ја знаат работата, се клучните во овој процес.




Дали ќе поминев со ваква слика да не бев вакцинирана? Немам поим, но знам дека нема да зажалам што ја примив вакцината против Ковид-19, па макар истата помогнала и симптомите да се намалат за 50 проценти.




Мој искрен совет до сите. Ако имате проблеми со кардиоваскуларен систем или дијабет или било која друга хронична болест, не ризикувајте, вакцинирајте се. А ако веќе одлучите да не се вакцинирате, ве молам, пазете се максимално! Маска и дистанца!

Сите останати, кои ковидот го изедначувате со грип и негирате дека постои, не сте веќе дел од листата на мои пријатели.




Вас ве сметам за несовесни и неодговорни, и кон себе и кон околината. Секој може да се зарази, и вакциниран и невакциниран, тоа никој не го оспорува. Поентата е да поминеме што полесно. Чувајте се!




П.С. Ако се сомневате дека имате Ко вид-19, не се потпирајте на тестовите од аптека. Петте теста што ги направив беа негативни. Направете си PCR тест, најмногу поради блиските со кои живеете во исто домаќинство“, напиша Јордановска. Новиот нејзин статус ја опишува Македонија во една реченица, а таа објаснува на кој начин според неа.




– Македонија во една реченица: Имаме 1200 новозаразени за еден ден, а антив аксерите се живи среќни оти им се потврдила тезата дека и вакцинираните се заразуваат (тоа го знаеме година дена ама ок, ЕУРЕКА!).




И ова е се што треба да знаеме за нашето поднебје. Ние сме гнидa од народ. Кога егото станува поважно од човечноста, јас престанувам да верувам во луѓето.

Previous articleВесна Бејби: Додека вие сите “мудрувате“ за филмот “Тома”, ние застанавме кај 11 милиони евра тарифа за слобода
Next articleЦеца без грам шминка- сите останаа без зборови кога ја видоа ваква (ФОТО)