Home Live Се огласи сопругот на Силвана Арменулиќ – Радмило открива што е вистина...

Се огласи сопругот на Силвана Арменулиќ – Радмило открива што е вистина е што не е во филмот „Тома“

Сопругот на легендарната Силвана Арменулиќ, познатиот поранешен тенисер Радмило Арменулиќ, проговори околу филмот „Тома“.

Радмило Арменулиќ го исполни ветувањето и филмот, Тома, го гледаше на првиот ден од новата година, кога и официјално се емитуваше на малите екрани, тој ова го изјави минатата година кон крајот на месец септември:

Ќе го направам тоа, штом филмот ќе биде емитуван на телевизија.

Поранешниот спортист смета дека неговата покојна сопруга, Силвана Арменулиќ била претставена како лесна жена и дека настаните поврзани со нив во филмот се невистинити..

Го гледав филмот и пред се морам да кажам дека актерите играа многу добро. Сепак, видов настани кои никако се немат случено. Како прво, Силвана никогаш не зборувала со босански акцент.

Можете да го проверите тоа и на Интернет, каде што има снимка од нејзиното интервју кое таа го дава за медиумите во тоа време. Понатаму, пред да стапи во контакт со мене, во 1958 година, таа се забавувала со еден аптекар од Нови Сад по име Ѓука, тврди Арменулиќ и продолжува понатаму:

Откако тие двајца ја прекинаа врската, таа ме запозна мене во 1959 година и оттогаш бевме секој ден заедно. Не се разделивме. Се венчавме две години подоцна. Можеби Тома беше во некаква емотивна врска, но не со мојата Силвана.

Исто така, никогаш не сум слушнал тие да пеат заедно. Се венчавме тајно затоа што тогаш не смеев да им кажам на родителите, бидејќи таа беше пејачка, открива Радмило.

Тој не остана рамнодушен и имаше коментар и за тоа како е претставен неговиот лик во филмот.

Пукнав од смеење. Нема врска со мене. Се испостави дека јас сум син на Силвана. Исто така, сите се пониски од Тома, а во реалниот живот тој беше многу низок човек. Цуне и Тозовац се претставени на смешен начин.

Не можам да кажам дека Тома не беше извонреден музичар и текстописец, но од друга страна беше коцкар и алкохоличар.

Се е невистинито, експлицитен е поранешниот тениски ас. Според него, најмногу му пречело тоа што Силвана била претставена како неморална жена.

На почетокот ја покажуваат гола, во гаќички и градник, што не е во ред. Се покажа дека е лесна жена. Луѓето кои не ја познаваат можат да создадат погрешен впечаток за неа. Кога приказната со Тома беше прикажана во филмот, се роди нашата ќерка. Значи сè на сè нема врска со вистината. Мојата ќерка нема намера да гледа филм, вели тој.

Силвана за гина на 10 октомври 1976 година во сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш, кај Колари, враќајќи се од концерт во Александровац.

Со неа тогаш починале и нејзината сестра Мирјана Барјактаревиќ и виолинистот Раде Јашаревиќ.

Извор: Во центар

Previous articleКунгуловски: После 2 години да повтоpам, бидејќи на некои луѓе не им влегуваат во глава основни работи
Next articleВесна Бејби: Додека вие сите “мудрувате“ за филмот “Тома”, ние застанавме кај 11 милиони евра тарифа за слобода