Home News Ванковска: Вчера ми пиша најстарата ќерка од Канада, а јас не ја...

Ванковска: Вчера ми пиша најстарата ќерка од Канада, а јас не ја разбирам оваа ситуација

Како и во најголемиот број земји, новиот сој на вирусот, омикрон, се чини дека на голема врата в легува и кај нас.

Во последните 24 часа направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи.




Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 поч инати лица: по 3 поч инати лица од Скопје (55г, 82г и 88г) и Битола (60г, 69г и 90г), 2 лица од Охрид (68г и 79г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Велес (68г), Валандово (41г) и Струга (88г). Пријавените лица се поч инати во болнички услови.




Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а бројот на активни случаи изнесува 5.667.




Професорката Билјана Ванковска, во статус на својот профил на социјалните мрежи, пишува како таа гледа на најновите настани околу корона вирусот:

„Иако сум од оние кои од почетокот се придржуваа на антиковид мерките, вакцинирана со три дози и натаму многу внимателна при контактите, сепак не ја разбирам оваа најава за „апокалипса“ поради омикронот – демек ќе сме немале капацитети за тестирање и ќе се умира на ангро…




Токму вчера ми пишува најстарата ќерка од Канада (средната веќе го „лежи“ ковидот, исто во Канада) дека бројките на инфицирани се огромни на дневна база.

Но, здравствените власти и владата им дале упатства: штом почувствувате симптоми на настинка (а тие од омикрон се токму такви), воопшто нема потреба да се тестирате.




Изолирајте се, постапувајте како што обично правите при вирози/грипови – јавете се на лекар само ако имате потешка форма. Децата учат онлајн, најверојатно цела зима, а и сите други кои можат – работат од дома. Толку се мерките. Нема апокалипса.




И мене тоа ми се чини сосема разумно: причина за вознемирување има само ако лицето минува низ тешка форма, има други заболувања кои ја комплицираат здравствената состојба, се повозрасни и сл.

Чуму ти е тест ако се’ што чувствуваш е налик на грип? Да им ги полниш буџетите на приватните лаборатории, и пак дома да си седиш и да пиеш чаеви и да ставаш облоги?




Ако имаш сомнеж дека е ковид, тогаш самоизолацијата е за заштита на тие околу тебе (кои поради брзината на ширење на омикрон веројатно веќе прифатиле, и бргу ќе се види).

Ај да не мудрувам, не сум здравствен работник – но, ме нервираат наслови на медиуми и портали за апокалипси! Аман веќе!“




Previous articleСе огласи Миле Китиќ откако се објави дека е во болница и раскажа за инфузијата
Next articleКои се симптомите на Флурона – кога ќе се „закачат“ двата вируса