Home Live Весна Бејби: Додека вие сите “мудрувате“ за филмот “Тома”, ние застанавме кај...

Весна Бејби: Додека вие сите “мудрувате“ за филмот “Тома”, ние застанавме кај 11 милиони евра тарифа за слобода

-Одамна работам со деца со тоа што имав пауза затоа што морав да се посветам повеќе на Кирил и Мина“, рече во едно интервју за Слобиоден печат нашата позната актерка Весна Бејби Петрушевска.




Ја активирав школата пред речиси четири години и сум опасно фокусирана на таа работа. Има неколку начини да оставиш белег: на филмска лента, телевизиска архива и театарскиот аплауз.

Но, работа со деца и тинејџери е нешто кое остава неизбришлива трага, невидлива, а сепак толку моќна енергија.




Треба да си предодреден да умееш да работиш со деца. Децата се личности и препознаваат кога несебично се даваш себеси. Сакам да ме паметат нови генерации на кои Бејби реално не им значи ништо.




Да, знаат нешто што ќе им раскажат родителите, но сами откриваат попатно. Затоа се важни овие два проекта, „Дајте музика “ кој е сам по себе значаен и престижен, и „Гласна куќа” кој е првиот тинејџерски серијал на овие простори. Сите млади и мали глумци се од мојата школа. Тоа ме прави особено горда и среќна.




Од самата себе веројатно оти никогаш не знам се однапред и сакам да газам на стакло. Како што вели Вирџинија Вулф:

Не можеш да го најдеш мирот ако го избегнуваш животот. Немирен дух, постојано во создавање, креирање, тоа се нештата кои ме инспирираат.

Имале влијание врз мене многу жени современици, на пример, фасцинатната империја која ја создаде Опра и не запира, уште работи, во моментов е на турнеја само со женски соговорници 20/20, секако од актерски аспект ме интересира методот на Мерил Стрип и нејзиниот приод кон тоа што го работи.




Сосема поинаку гледам јас генерално на сите нешта околу мене. Друга диоптрија имам јас! Ме фасцинираат женски режисери, затоа и ја режирав „Гласна куќа” и едвај чекам следна сезона. Друга ментална матрица се жени режисери. Софија Копола ми е мене најжестока во наративот, иако навидум сензибилна.




Од системот којшто нема концепт и е потполно неупотреблив, од книгите кои нашите деца учат. Многу ме интересира кои се тие профили во комисии кои одобруваат учебници. Вредносниот систем на петка кај нас не функционира. Важно е што ќе научат, а не што ќе добијат како оценка.




Кај нас професорите не се добро платени, а имаат пред себе цел да едуцираат и да се борат со телефоните кои им се најверни другари на децата. Не знам колку останало во нив да бидат креативни на часовите и да инспирираат оти се е бигор околу нас и во нас.




Бигор души сме! Со сè се бавиме, со нашите деца не се бавиме. Би им вовела друг пристап за македонскиот јазик особено! Имам одиграно маж на сцена, дури една цела монодрама „Последната шанса” и можам да ти кажам дека за ништо на светот не би била маж во другиот живот.




Кога се подготвував, учев да одам, да зборувам како маж, да се однесувам, да размислувам ….ми беше забавно ама само еден месец. Ми здосади бргу… Некако сè е таму на прва топка, брзо заборавање, релативизирање, ретка болест е да бидеш џентлмен, сурови, опасно двојни…Жената е посебен универзум“, релче Весна, која неодамна за жл го загуби својот татко.




Во својот нов статус на Фејсбук, Весна Бејби ја спореди состојбата во културата и во уметноста кај нас и во Србија, а инспририрана е од интервјуто на Драган Бјелогрлиќ за неделникот „Нин“.

– Додека вие сите “мудрувате “за филмот “Тома” ако ништо друго на насловни страни во Србија се актери,режисери…кај нас одамна не постојат неделници …и тоа на насловна на Нин, Dragan Bjelogrlić.

Патем импозантна му е кариерата на колегата, и за мојата уметност дебатирам само со мојот свет,оној нашиот , најубавиот. Ние тука застанавме кај 11 милиони евра тарифа за слобода“, напиша Весна.

Previous articleСе огласи сопругот на Силвана Арменулиќ – Радмило открива што е вистина е што не е во филмот „Тома“
Next articleМери Јордановска: Ние сме гнидa од народ