Home Live Биба Додева е иста како пред 20 и кусур години, времето стои...

Биба Додева е иста како пред 20 и кусур години, времето стои за нашата пејачка (ФОТО)

Биба Додева ја знаеме како одлична пејачка која има победено на доста фестивали, како мајка на Емануела и баба на Александар, но малку се знае за нејзиниот приватен љубовен живот. Во една прилика, таа искоментира на оваа тема:




-Свесна сум дека мојата професија е јавна, но мојот приватен живот е само мој. Ама еве, колку за да ја задоволиме желбата за информации, не сум вљубена во никого, ама се трудам да бидам среќна секој момент и да му се радувам на животот“, рече Биба за Република во една прилика.

Биба беше многу поврзана со својата мајка која за жал веќе не е меѓу нас. Таа го напушти овој свет пред четири години, а Биба често знае да ја спомене во своите приказни на Фејсбук како што направи во една прилика:




-Света Петка, денот твој. Слава на баба Верче и твој роденден мамо. Така ќе го паметам секогаш овој ден.. Упорно не идам на гро-би-шта, баба Верче ќе се лути, ама ќе и пројде. знам ти нема да се лутиш, знаеш дека не ме бива за такви работи..




Ве сакам. Те сакам. Ми фалиш до коска, бар за Аце да ти раскажувам зошто никој не би се радувал на Емануела и Алекс како ти. Чувај ми ги од горе.. Слава ти!“, рече Биба за својата мајка.




Биба Додева има испеано многу хитови, а еден од нив е „Како некогаш“, со која Биба Додева победи на поп-вечерта на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“.
Пејачката вели дека е автобиографска и во неа пее за љубовта на својот живот која што ја загубила.




На музиката и на аранжманот на моќната балада на Владимир Дојчиновски- Дојчин совршено легна приказната на текстот која ја напиша поетесата Ана Бунтеска. Песната е автобиографска, и на Ана, и моја и на сите оние кои што изгубиле некого. Инаку, Ана ја познавам од многу одамна.




Јас сум еден од оние нејзини фанови, и го почитувам нејзиниот збор, нејзините песни сето она што таа го прави, рече Биба зад сцената на „Охрид фест“ за Женски магазин.




Уште во периодот кога ја загубив мајка ми, ѝ реков на Ана дека ако решам албум да правам, сакам таа да ми ги пишува текстовите… Кога требаше да пеам на фестивалот, Дојчин ми ја отсвире музиката, и мене ме болеше кога ја слушав.




Ме праша: Баце, имаш ли текст? Немам, но знам кој ќе ми го направи. Тоа треба да бидат зборови кои ќе ми ми се откинат од душата, и тоа исто како јас да сум го кажала може да го направи само Ана Бунтеска“, раскажа Биба за песната во Женски магазин.

Таа во 2020 година го промовираше албумот „Незаборавни„ кој е составен од 11 преработки на познати македонски евергрини и две бонус траки од последните два фестивала каде имав свои настапи.




Имавме тешка задача заедно со мојот пријател и колега Владимир Дојчиновски да ги одбереме песните од 1962 до 2002, од огромната македонска музичка ризница.

Тоа се песни кои оставиле белег на една младост, една љубов, во едно поинакво време, па токму затоа ни претставуваше голем предизвик, но и голема одговорност да ги преработиме и оставиме свој печат.




На проектот се работеше повеќе од една година, а како гости се јавуваат голем број на македонски музичари, но и тројца еминентни гости од регионот“, вели пејачката.

Биба објави своја стара слика на Фејсбук од далечната 2001 година, пред 21 година. „Пред 21 година. Иста. За многу години да ни е денов, драги мои“, напиша Биба до сликата која покажува дека навистина не се променила и изгледа младолико како и тогаш.




Previous articleВо врска со Новак Ѓоковиќ, се огласи водителот Димитар Атанасовски, еве што порача
Next articleБајка во домот на Сека Алексиќ, од луксузно полуксузно, од светкаво посветкаво (ФОТО)