Home News Богojески: Вчера имав средба со висоkи претставници на “грчкото општество” – во...

Богojески: Вчера имав средба со висоkи претставници на “грчкото општество” – во ЕУ влегуваме сигурно, како Македонци, со македонски јазик

Статус на Петар Богојески: Во ЕУ влегуваме, милум или силум… како Македонци со македонски јазик… но влегуваме со сигурност!




Вчера имав средба со високи претставници на “грчкото општество”… тие се подготвени за “надградба” на Преспа… чекаат на нас, Македонците..

Уште 2018 година веќе ја изработиле стратегијата “4 вида македонизам”, има суштински разлики со мојата “4 вида македонизам”… но целта е иста!




Македоно – македонизмот е најкомпатибилен со хелено – македонизмот, според нив, што го покажуваат сите споменици во Скопје, но и знамето на Вергина / Кутлеш низ цела Македонија!




Србо – македонизмот и бугаро – македонизмот се ограничени во можноста за следната етапа на обединување на “македонизмите”, но македоно и хелено се наполно подготвени. Тоа се нивни позиции!




За нив не пречи Македонци и македонски јазик, напротив за нив тоа е најважно да постои и опстои! Им пречи “Северна” и согласни се да се разговара за нејзина времена употреба до моментот на усогласување на “наследството на македонизмот” од македоно и хелено македонистите!




Охридската Архиепископија која за нив била “влахо – тоскиска”, денес поради целосната вклученост на сите “ромејски елементи” во Македонија во рамките на МПЦ – ОА, согласни се да премине во рацете на Македонците и да и биде вратена афтокефалијата која била насила одземена од Отоманите!




После падот на “наследниците на Мирка Гинова” во Грција и нивниот “Северизам”, кој е наполно поттикнат од србо – македонизмот, денес се враќаат “наследниците на Каравангелис” на кои најмногу им пречи “Северизмот”, кој целосно ја убива идејата за Мегали – македонизмот!




Токму тие сакаат да разговараат да исчезне “Северна” од Македонија!

Јас често повторувам дека патот на Македонија кон ЕУ може да помине преку Солун и Атина со “брз воз”, а кон Софија да останеме и без пруга! Вчера истото ми го потврдија солунчаните и атињаните!




Дали софијанците тоа ќе го разберат и ќе спречат “петти пораз” за нив, тоа си е нивна работа! Наше е да им кажеме!
Интересна е нивната оценка дека србо – македонизмот може да дава многу појак отпор на тие процеси отколку бугаро – македонизмот во Македонија!




Со тоа и јас сум наполно согласен! Но Власите ќе ги “предадат” Србите за тој процес и отпорот ќе падне! Тоа им е ептен нивни интерес!

Значи нудат: тргање на “Северна”; признавање на МПЦ – ОА; Македонци со македонски јазик засекогаш и во вечни векови, амин; влез во ЕУ со МК идентитет; засилување на антиквизацијата до шизофрени граници;




Е сега, кој знае историја, веднаш ќе му стане се јасно! Се разбираме нели?!?

Само што овој пат се согласни да ја почитуваат “разликата” на база на генетиката… различни гени, иста култура! Веќе видено низ цел свет! Ептен примамливо нели?!? Грциве ептен напреднале?!? Или?!? Опасни се! Невиден капацитет за “експанзија”!

Кој мисли дека е патриот, ќе скока како петле и ќе каже “она е најјакото”, уште Никос Грујос да ни го вратат од Будим! Ок, лабаво дечки!

Патот за Македонија мора да го отвориме… секогаш ќе има патишта и препреки… имало и ќе има… но наше е да отвараме “железни порти” и да ја создаваме историјата! Мое беше да Ви кажам, а Вие си знаете!“

Previous articleСе огласи Рафа Надал за „случајот Ноле“: Тој ги знаеше правилата со месеци претходно
Next articleМиле Кузмановски со своите четири убавици, слика што на сите ќе им го стопли срцето (ФОТО)