Home Live Миле Кузмановски со своите четири убавици, слика што на сите ќе им...

Миле Кузмановски со своите четири убавици, слика што на сите ќе им го стопли срцето (ФОТО)

Еден од нашите најдобри фолк пејачи, златното грло Миле Кузмановски во интервју за „Бекстејџ“ си ја отвори душата за својата упкоена сопруга Верче, за ќерките, но и за втората сопруга Јасмина.




Имено, во 2012 сопругата на Миле Кузмановски по тешко боле дување го напушти овој све, а пејачот остана сам со двете ќерки Јана и Ана.

„Нормално е еден период да те фати онаква криза затоа што некако се тоа го поднесов на нога, тој период го поминував заедно со сопругата Верче и еден период реков дека ќе направам пауза од песната, од мојата работа.




Но, кога ќе сфатиш дека мораш да живееш понатаму, да заработиш и да донесеш дома, а веќе си дошол на едно ниво каде тешко се стасува, а уште потешко се одржува, ќе беше жално да го оставам микрофонот“ вели Кузмановски за Бекстејџ и додава:




Тој откри со што Јасмина го освоила. „Со спонтаноста, добрината, разговорот, прифаќањето на Ана и Јана и затоа производ на таа љубов е ќерката Ева која по дома е една играчка за сите и е златно дете, но навистина е едно специфично дете, па кога си нервозен и тажен ќе те омекне како памук.




Животот сега доби една друга димензија, се е хаотично, но е интересно“, изјави Миле, а негвпата сопруга неодамна зборуваше на слична тема во Женски магазин.

Нашата авантура, моја и на Миле, а потоа и на Ана и Јана, па и на крај на Ева е несекојдневна, но е успешна.




Живееме во средина каде сѐ уште се верува дека маќеата е лошиот лик од приказните, ние сите одлучивме да покажеме дека тоа не е така и дека можеме искрено да се сакаме и почитуваме, да го градиме домот, заедништвото со многу љубов, разбирање и хармонија.




Кога одлучивме да им соопштиме на Ана и Јана, јас и Миле разговаравме многу, прво јас и тој расчистивме многу работи од самиот почеток. Тој е многу посветен татко и посебно реагира на нив.




Со девојките секогаш отворено разговараме, а исто и со Ева иако е многу мала. Тука како женски лик најголемата улога ја имам јас.Разговараме и за нивната мајка, гледаме често слики и секогаш се потсетуваме на нивни случки, сеќавања.

Поменот за нивната мајка секогаш ќе живее во нашиот дом. Јас не се обидувам да ја заменам нивната мајка, таа е една и единствена, таа улога животна не е заменска.




Пораката до сите жени кои се во слична состојба е да го отворат срцето, да сакаат искрено, да не бидат себични и секогаш да се обидат да ги облечат кондурите на другиот, односно да се обидат да почувствуваат дека секој може лесно да се најде во таква ситуации.




Со Ана и Јана односот уште од самиот почеток е отворен, случајно се сретанвме на летување во Турција и енергиите се поклопија веднаш. Тогаш беа мали околку, 10 години а сега се веќе 18 години, сега ми се вистински другарки.




Мојот однос со нив е родителски, јас се грижам за нивната општа добросостојба, за здравјето, за училиштето, за емоциите дали се среќни или тажни, разочарани…

Сега е период кога тие влегуваат во нов животен циклус и мојата поддршка е повеќе од потребна“, изјави Кузмановска.




На Фејсбук профилот на Миле Кузмановски се појави слика која ја има постирано неговата сопруга Јасмина, а сликана е во природа.

На сликата е Миле со сите негови убавици, сопругата Јасмина и ќерките, Ана, Јана и Ева. Прекрасна слика која на сите ќе им ги стопли срцето овие празници.

Previous articleБогojески: Вчера имав средба со висоkи претставници на “грчкото општество” – во ЕУ влегуваме сигурно, како Македонци, со македонски јазик
Next articleВо врска со Новак Ѓоковиќ, се огласи водителот Димитар Атанасовски, еве што порача