Home News Се огласи Александар Вучиќ: Се слушнав со Ноле синоќа и утрово, негово...

Се огласи Александар Вучиќ: Се слушнав со Ноле синоќа и утрово, негово барање е да биде изолиран во куќата која ја изнајмил

Според најновите информации од српските медиуми, по барање на адвокатот на Новак Ѓоковиќ, австралискиот суд ја одложи одлуката до понеделник, откако тенисерот поднесе жалба поради тоа што му беше укината визата за влез во Австралија.




На Ѓоковиќ сношти му беше укината визата за влез во земјата со образложение дека не приложил доволно докази кои ќе го потврдат неговиот медицински исклучок од вакцинација против ковид-19.

Британската агенција „Ројтерс“, пак, објави дека на тројца тенисери кои исто така имале медицински исклучок за вакцинација како Ѓоковиќ, им бил дозволен влез во Австралија, со истата виза која ја имал Ѓоковиќ.




Српскиот тенисер во моментов е во карантин во хотел во Мелбурн, каде ја чека одлуката од судот за жалбата која ја поднесе поради забранетиот влез во Австралија..




Како што пренесува српската РТС, одлуката на австралискиот суд ќе биде донесена помеѓу недела и понеделник според српското време, кога дефинитивно ќе се знае дали светскиот првак во тенис ќе се натпреварува на овогодинешниот „Австралија опен“.




Најдобриот тренисер на светот е заклучен во имиграциски пр ит вор во хотелот „Ројал Парк“ заедно со азилнати од различни делови на планетата, а српското државно раководство пробува да издејствува Србинот да биде префрлен во вила која ја има изнајмено за настапите на Австралија Опен.




Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека разговарал со Ѓоковиќ уверувајќи го дека „цела Србија е со него и оти српските власти прават сè што е во нивна моќ за веднаш да престане малтретирањето на најдобриот тенисер во светот“.




-Синоќа прв пат зборував со Новак, а утрово повторно. Ана Брнабиќ се обидува на нашиот граѓанин да му биде дозволена една работа, Новак да не биде сместен во хотел, во права смисла на зборот, туку во куќа кој ја има изнајмено.




Новак тоа го бараше од нас, а наша обврска е да ги штитиме нашите граѓани. Не е фер да се води политичка хајка против Новак. Бесмислена е.

Секој знае за што станува збор тука и се плашам дека политичкото из живув ање ќе продолжи“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.




Последните вести од Австралија велат дека на тенискиот ас нема да му биде остварена желбата и ќе остане во „Ројал Парк“ каде условите се прилично неадекватни за неговите барања.




Тој таму би требало да остане до понеделник, каде ќе мора да го промине и Божиќ.

Previous articleПаулина, актерката која ја игра Љиљана во филмот „Тома“ откри со која болест се бори
Next articleСе огласи Рафа Надал за „случајот Ноле“: Тој ги знаеше правилата со месеци претходно