Home Live Во врска со Новак Ѓоковиќ, се огласи водителот Димитар Атанасовски, еве што...

Во врска со Новак Ѓоковиќ, се огласи водителот Димитар Атанасовски, еве што порача

Српскиот тенисер и актуелно број еден на светската ранг листа, Новак Ѓоковиќ, во Мелбурн ја чекаше на одлуката дали ќе добие виза за влез во земјата.




Тенискиот ас го обжали сторнирањето на неговата виза, за да може да учествува на Австралија опен, чиј старт е закажан за 17 јануари. Првично, Ѓоковиќ требаше уште веднаш да биде депортиран дома.

Новак Ѓоковиќ кон Австралија тргна со спорна потврда за исклучок од вакцинирање од медицински причини и слета во Мелбурн, за да игра на Австралија опен.




Австралиската гранична служба меѓутоа не му дозволила регуларен влез, испраќајќи го во хотел за луѓе на кои им претстои депортација.

Ѓоковиќ не приложи ниеден потребен доказ кој ги исполнува правилата за влез, затоа неговата виза беше сторнирана, се вели во образложението на граничната служба.




За случајот се јави и австралискиот премиер Скот Морисон, потсетувајќи на важечките правила за влез во земјата за време на пандемијата на коронавирус.

За таа цел е потребен доказ за примени две дози вакцина или важечка потврда за исклучок поради медицински причини, истакна тој.




„Правила се правила, првенствено кога се во прашање нашите граници, никој не е над правилата“, напиша Скот Морисон на Твитер.

По повеќенеделен молк, Ѓоковиќ дури во вторникот соопшти дека ќе патува во Австралија со потврда за исклучок од медицински причини, неговиот вакцинален статус никогаш јавно не го објави.




Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер застана во одбрана на својот поранешен ученик Некогаш првиот тенисер во светот, истакна дека актуелниот владетел на „белиот спорт“ правел се според прописите.




– Новак имаше медицинско ослободување, заедно со уште пет тенисери од ждрепката. Тој направи се во согласност со Австралија опен, професионално.

Не прекрши никакви правила, му беше дадена дозвола да игра, а тоа ги повреди оние Австралијци кои не можеа да ги видат своите најблиски година и пол – изјави Бекер за радио Би-Би-Си Лајв.




– Го разбирам гневот на австра лиската јавност, но морам да го бранам Ѓоковиќ бидејќи без лекарско ослободување тој сигурно немаше да лета за Австралија – додаде Германецот.

Новак Ѓоковиќ го минува Бадник изолиран од остатокот од светот, во аеродромски хотел во Австралија, каде што беше спречен да влезе во земјата и да настапи на Австралија опен по контради кторните потези меѓу Австралија Опен и австралиските власти.




Сè уште пристигнуваат реакции од сите страни, дури и британскиот премиер Борис Џонсон почувствува потреба да проговори и да ги поддржи своите пријатели во Австралија.

„Борис Џонсон ја поддржа австралиската влада во нејзината одлука да одбие влез на Ѓоковиќ затоа што тој не бил имунизиран, бидејќи Даунинг стрит ги повика спортските ѕвезди да ја прифатат имунизацијата.




Познатиот водител Димитар Атанасовски, кој е инаку сопруг на пејачката Сара Мејс се огласи на Фејсбук и даде свое мислење за ситуацијата со Ѓоковиќ:




За народ што дише ка нцер, го јава кој стигне, државата му кра де струја, а он ја плаќа… многу се нервирате за Ноле“, порача Атанасовски.

Previous articleМиле Кузмановски со своите четири убавици, слика што на сите ќе им го стопли срцето (ФОТО)
Next articleБиба Додева е иста како пред 20 и кусур години, времето стои за нашата пејачка (ФОТО)