Home Live Лила на Јордан Митев: Да ми најдеш некој да се мажам во...

Лила на Јордан Митев: Да ми најдеш некој да се мажам во Австралија, да се мавнам од овде

Јордан Митев рече дека никогаш немал дилема што ќе стане отако ќе заврши училиште, тој знаел дека ќе стане музичар. „Јас завршив во село Подареш, тоа е моето родно село, радовишко село, прилично големо место, тоа е над 500 куќи, живо е ,активно.




Јас и денес се одморам таму, ја црпам мојата енергија. Таму завршив основно, а паралелно патував два пати неделно во Радовиш да учам и музика. Потоа, се запишав во средното музичко училиште во Штип, рече Митев во емисијата „Магазин“.




Тој магистирал оркестрација кај познатиот професор Живоин Глишиќ во Скопје. Митев зборуваше за сите семинари насекаде низ светот каде што одел како претставик на македонскиот фоклор и дека 15 години е веќе во естрадата.

За познатиот музичар Драган Даутовски коиј му бил професор, тој рече дека му бил како татко и имале прекрасен и пријателски однос.




„Би издвоил еден настап кој што беше во 2015 кај нашиот јужен сосед, тоа беше еден голем настан, поради тој мој настап јас имав и забрана за влез во Грција.

Но, тоа беше така еден доста еурофичен настап, кај што беа присутни доста луѓе, кај што се пееше македонска песна. И сега кога ќе се сетам на тоа се ежам“, рече пејачот.




Тој призна дека поради тоаа еуфорична атмосфера со македонската песна, на него му било забрането да влегува во Грција, и раскажа дека имал убави настапи и низ Австралија и Европа и секаде каде што живеат нашинци. Потоа, се пушти емотивната песна Татко, за која Митев рече дека е направена според вистинска случка, а тој ја напишал и го режирал спотот.




„Еден нашинец од Италија ми се јави некаде пред Нова година во не добро расположение и ме замоли да напишам песна којашто ќе биде посветена на татко му, бидејќи тој поради одредени причини не бил присутен на неговиот последен поздрав.




Мене ме погоди таа приказна. Ова е наменска песна но верувам дека многу луѓе ќе се пронајдат во истата. Се надевам ќе остане и ќе се пее понатаму“, раскажа музичарот.

Јордан Митев беше гостин во квизот Се или нешто на Лила Стојановска на Сител, и тоа токму во специјалното, божиќно издание кое всушност е хуманитарно.




Тој зема 35.000 денари кои ќе се подарат онаму каде што се најпотребни а потоа отвори и кутија со бонус од 50.000 денари, што значи дека ќе подари 85.000 денари.

Митев одеше до крај и ги одби сите понуди на банкарот, и рече: Банкарот не знае дека јас секогаш велам дека може и подобро. Јордан на некоку пати им запеа на останатите натперавувачи и на Лила, и сите беа весели и празнично расположени.




Пејачот рече дека на неговата мајка и рекол дека ќе оди на снимање со Лила, а мајката го советувала кои кутии да ги отвори. Кога и да отвореше некоја кутија, Јордан ќе речеше: Да ја прашам мајка ми што да правам?




Потоа, раскажа за тоа дека пред пандемијата многу патувал и имал навистина брзо темпо на живот. „За три години, 12 пати бев до Австралија, три пати во Америка, а за Европа не можам да избројам“, рече Јордан кој потоа ја спомна неговата сопруга Славица што ја запознал во Австралија.

-Многу сум и благодарен што ме поддржува и што ме трпи. Кој друг би ме трпел со вакво темпо?“, раскажа Јордан Митев. Потоа Јордан раскажа за неговата свадба и дека пред да се жени, тој пеел на друга свадба.




-Пред да се женам, јас пеев на друга свадба, и си легнав во 4 сабајле. Таа свадба беше во Гостивар, а мојата вои Радовиш. Патував од Гостивар до Радовиш, легнав во 4, станав во 6, за да ги истерам сите адети на мојата свадба“, рече Јордан.

За крај на квизот, Лила му рече: Следно кога ќе се мажам, тебе ќе те викам да ми пееш. Не можам сама да правам свадба, треба да се најде некој.




Да ми најдеш некој од Асвтралија, да се мавнам од овде“, рече Лила, а Јордан и одговори: Ќе размислам.

Previous articleНајверојатно бил човек со темна коса и кафени очи – Никола Груевски пренесува помалку познати преданија за Христос Спасителот
Next articleКаролина во пижами, без грам шминка, го покажа својот украсен дом (ФОТО)