Home Live Нашиот познат актер му упати порака на Ноле, да издржи и што...

Нашиот познат актер му упати порака на Ноле, да издржи и што да направи потоа

Настаните поврзани со најдобриот тенисер на Светот, Новак Џоковиќ, се топ тема во медиумите изминатите два дена.




Приказните за oдредена болест како причина за невакцинирање на најдобриот тенисер во светот се невистинити. Ѓоковиќ наводно е делумно жртва на политички игри, пишува порталот Во Центар.

Зошто Ѓоковиќ не смее да влезе во Австралија ?




Според премиерот на државата, тенисерот немал доволно докази за вакцинација или легитимно медицинско ослободување од истата, па со тоа на лице место му била поништена визата за влез.




Групата, Тенис Австралија, која го организира турнирот Австралија опен, објави дека Ѓоковиќ го добил неопходното ослободување од вакцинација а со тоа и виза врз основа на мислењата на две независни медицински организации.




Основа за ослободувањето од вакцинацијата може да биде акутна болест, а до неодамна оваа болест беше инфекцијата со Ковид-19 што во изминатите шест месеци Ѓоковиќ ја користеше како аргумент и оправдување.




Австралиските медиуми пишуваат дека здравствените власти во Викторија уште во ноември го информирале директорот на турнирот Крег Тајли дека играчите кои не биле вакцинирани и биле заразени во последните шест месеци со вирусот и го прележале истиот нема да бидат пуштени во земјата.




Ѓоковиќ очигледно не бил информиран дека неговата причина за оправдување повеќе не е валидна за виза а со тоа и влез во државата.

Покрај него, иземање побарале уште 26 играчи или друг персонал кој е вклучен во организација на турнирот, а некои од нив веќе влегле во Австралија врз основа на валидна документација.




Премиерот Скот Морисон објасни дека организаторите на турнирот, врз основа на мислењето на експерти, одлучиле Ѓоковиќ да настапи, но Австралија има суверени граници и јасни правила, кои се спроведуваат при влегувањето во земјата на кои организаторите не можат да влијаат.




Делумно, тоа е затоа што сојузниот министер за здравство Мартин Фоли изјави дека некој му издал виза на Ѓоковиќ, а тоа не била владата на Викторија.

Премиерот, Морисон пред неколку дена изјави дека ја прифаќа одлуката на владата на Викторија за иземање на Ѓоковиќ и другите играчи, а сега тврди дека медицинската документација на Ѓоковиќ е „недоволна“ за влез.




Тој истакнува дека Ѓоковиќ не бил издвоен како пример за другите. Според пишувањата на медиумите, тој бил поттикнат да се премисли поради гневот на јавноста по објавата на Ѓоковиќ на социјалните мрежи дека патува во државата не вакциниран, што би можело да влијае на во Австралија на федералните избори кои се одржуваат во мај.




Кога Ѓоковиќ реши да учествува на турнирот?

Крајниот рок за аплицирање беше на 10 декември.

Адвокатите на Ѓоковиќ поднесоа соодветна жалба на одлуката за укинување на визата. Првиот играч во светот е сместен во хотел за имиграција во Мелбурн, во очекување за донесување одлука од судот во понеделник наутро, пишува порталот Во Центар.




Нашиот познат актер, Владо Јовановски, во статус на својот профил на социјалните мрежи, му упати силен апел на Новак Џоковиќ:

„Издржи Ѓоковиќ, ако Ти биде дозволено, освој ја титулата и прати им абориџинка или абориџин да ја прими наградата.

Само за да ги потсетиш на нивното “славно” минато. Целиот слободоумен свет е со Тебе!“

Previous articleИрена Спасовска во сред месење со порака: Ако ти се паднам јас, цел живот ќе ти биде ХA0C (ФОТО)
Next articleНајверојатно бил човек со темна коса и кафени очи – Никола Груевски пренесува помалку познати преданија за Христос Спасителот