Home Live Ќерката на Турунџиева е убавица на мајка си, крушата под круша паѓа...

Ќерката на Турунџиева е убавица на мајка си, крушата под круша паѓа (ФОТО)

Сузана турунџиева, нашата позната писателка, пејачка и наставник во емисијата Магазин на Сител, таа беше гостинка со Атиџе Муратова, а повод е нивното пријателство и песната „Од Бекрилија до Битола“.




– Убаво е што во во ова модерно време, преку мојот Фејсбук профил, Атиџе можеа да ја следат нејзините фанови од Америка, од целиот свет. Ние во оваа пандемска година не престанавме да работиме..




Кога се запознавме, ништо не си ветивме една на друга. Одевме чекор по чекор до целта. Нас некако ни се препрелетоа енергиите, направивме една супер конекција. Ние сме многу раслиќни ако земеш да не анализираш.

Но, од женски аспект сме многу слични. Таа ја има сромноста, трпеливоста, ведрината која што е во дефицит во ова наше лудило. Се повеќе луѓе се грижат за интереси, се повеќе ги врзуваат зделки и можности да заработат едни од други.




Нас ништо не не врза такво. Апсолутно ништо, јас бев растеретена од таа комерцијална страна јас да бидам покрај Атиџе и таа да биде покрај луѓето коишто ја препознаваат нејзината љубов, и не случајно тимот на „Медена земја“ ја одбрал баш Атиџе“, рече Турунџиева.




-Јас не сум сретнала некој што толку многу ја сака Македонија колку Атиџе. Таа со толку многу голема љубов зборува за својата земја. И навечер кога си седиме често пати, и си фантазираме„, рече Сузана.




Таа изјави дека фантазира да оди на егзотини места, и кога на Атиџе ќе ѝ покаже некој егзотичен остров, таа ѝ вели: ти не знаеш колку е убаво дома, во Македонија, по нашите планини, ако ги одиш пеш.

-Јас не сум во некоја финансиска благосостојба, да можам да ѝ го сменам нејзе животот на многу подобро, зборувам од аспект на тоа да ѝ обезбедан животни услови, бидејќи и јас сум таа што ги нема во моментов.




Јас сум еден самохран родител, кој живее под кирија, кој живее од една плата, и немам ништо на свое име. Но, јас имам огромна желба да го правам светот подобро место за живеење, и онолку колку што можам да ги обединувам добрите луѓе„, рече Сузана.




– Животот е непредвидлива авантура во која не влегуваш со упатство за живот. Не постои правилник за живеење. Нема видео упатства. Не може ни гугл да ти помогне. Но, ако свртам поглед наназад, (а не го сакам тоа) во мојот живот, мене ми се случуваа „сценарија“ кои многумина ни на филм ги немаат видено.




Јас сето тоа го доживеав, и го преживеав. И останав на нозе. Насмеана, распеана и благодарна на животот за секое искуство кое ми беше дадено. Терапија ми беа семејството, моите деца, сега и моето внуче, мајка ми како столб и потпора на сите нас, и секако музиката која никогаш не ме напушти, дури и тогаш кога јас ја напуштив нејзе.




Тие се мојата терапија, и поради нив јас не престанав секоја солза да ја претворам во насмевка, и секоја болка и тага да ја лекувам со музика. Дури и во моментите кога бев скршена од болка. Музиката ме држеше „за рака“ и ме постетуваше дека е тука, и дека секогаш ќе биде со мене, до мене, во мене, за мене…




Јас сè уште учам, и секојдневно се вчудоневидувам колку работи не знам! Учам да не ја изгубам волјата во ниеден момент, да не ја изгубам насмевката, да не покажувам слабост пред децата, да не губам надеж, да не се разочарувам и да верувам дека после секој дожд доаѓа сонце.




Исто така учам да имам разбирање, да бидам трпелива, одмерена и благодарение на улогата која ми ја додели животот – да им бидам и мајка и татко, научив да бидам зборотерапевт“, рече Турунџиева за своите деца во Женски магазин.

Сузана Турунџиева и упати емотивна честитка на својата ќерка Матеа, која наполни 13 години. Таа е вистинска убавица, која многу личи на својата мајка и што би се рекло, крушата под круша паѓа, а Сузана има на што да биде горда.

– Жените имаат многу желби, а мајките само една: Да им се децата здрави и среќни. Среќен 13ти роденден моја Божиќна светулко. Свети и шири ја твојата светлина насекаде, секогаш, дури и тогаш кога твоето светло некому ќе му пречи во очите… Не престанувај да светиш и да шириш љубов“, напишала Сузана за ќерка си.

Previous articleПознатиот Ју пејач со порака до Ѓоковиќ- и мене седум години не ми даваат виза, оди си, покажи достоинство
Next articleМилошески за филмот „Тома“: 90% од најдобрите сцени од филмот се измислени, го срушија митот