Home News Павле Трајанов најави можност и да не гласа за новата Влада: Ако...

Павле Трајанов најави можност и да не гласа за новата Влада: Ако не се договориме, нема да гласаме

Павле Трајанов завчера имаше средба со новиот мандатар за состав на Влада, Димитар Ковачевски. Пред средбата, Трајанов изјави во изјавата дадена пред Уставниот суд по доставувањето на иницијатива за преименување на одредби од Изборниот законик, нагласи дека тие како партија не барале министерско место без ресор.




„Ние сме против тоа како партија. Вештачки да градиме етнички баланс во владата тоа не го прифаќаме. Но, тоа инициравме и поддржуваме, можеби партиите на турската етничка заедница да имаат министер за странски инвестиции, бидејќи може тој полесно да дојде до компании кои сакаат да инвестираат во Македонија, особено од Турција, меѓутоа и пошироко од Балканот.




А за други министри апсолутно не прифаќаме да се шири на тој начин. Вие знаете дека има проблеми околу составот на владата затоа што владата нема да биде одраз на соодветна етничка застапеност, ќе има дебаланс, меѓутоа ќе видиме тој процес како ќе го изведе до крај мандаторот Ковачевски“, вели Трајанов.




Во приоритетите за кои се надеваат да станат дел од новата програма на владата, како што појасни Трајанов, е и барањето да се донесе закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, со формирање агенција чиј директор со мандат од седум години ќе го бира борд од новинари, невладин сектор, универзитетски професори, неколку пратеници од опозиција и од власта.




„Сметаме дека оваа агенција треба да биде многу мала, 30 до 40 врвни професионалци, да се скрати од седум институции број на вработени кои не се меѓусебно координирани“, рече Трајанов.

ДС бара и да има повторување на постапката за сите, како што вели, монтирани судски постапки. Појасни дека законот за ова прашање се развлекувал од 2020 година, но оти сега има начелен договор да се активира.




Партијата бара и да се разгледа можноста високообразованите кадри да останат во земјава по завршувањето преку вработување во приватниот или државниот сектор кое би било плаќано една година од буџетот. Секако, нагласи тој, треба да се направи рангирање на универзитетите и предност да имаат оние кои завршиле на универзитет од повисок ранг.




„Ковачевски треба да нѐ информира за тие имиња што не се познати, да ги презентира. Затоа што и поддршката, не само на ДС, туку и на другите партии, исто така ќе зависи од кадровскиот состав на владата.

Ако имаме предлози кои што не можеме да ги поддржиме тоа значи дека тоа јавно ќе го соопштиме. Очекуваме транспарентност.




Во оваа фаза можеби не ќе може да се објавуваат предлозите бидејќи уште се разговара, но очекуваме да бидеме информирани ние како партии, а верувам и другите партии.

Ако има некаква информација, мандатарот има можност да ги соопшти имињата претходно или тоа ќе го направи кога ќе го достави предлогот до Собранието на Република Македонија.




Ако не се согласуваме, нема да гласаме, тоа е просто и едноставно. Ако не се сложуваме за програмските определби, за составот на владата тоа значи дека која било партија нема обврска да гласа, особено што сега има најмалку 64 пратеници во парламентарното мнозинство, некои од партиите може и да не ја поддржат владата“, рече Трајанов.




Previous articleНаведени се шесте симптоми за новиот сој, поради кои се препорачува посета на лекар
Next articleСи дојдов дома Битола од Германија, козметичарката ме излажа дека е имунизирана и фати вирус