Home News По веста за упокојувањето на војникот, се огласи Шекеринска

По веста за упокојувањето на војникот, се огласи Шекеринска

Синоќа во болница во Приштина, околу 18 часот, ненадејно се упокои професионалниот војник И.Ч (44), кој беше во состав на контингентот на Армијата на Република Македонија во мисијата КФОР, соопшти Генералштабот на Армијата.




На професионалниот војник кој извршувал должности во водот за обезбедување во командата на КФОР-запад во Пеќ, во текот на попладневните часови му се слошило, по што веднаш откако бил забележан од присутните е пристапено кон пружање прва помош од страна на надлежната санитетска служба во состав на контингентот..




Веднаш со воен хеликоптер во придружба на воен медицински персонал бил упатен во болница во Приштина како најблиска здравствена установа, каде што се пристапило кон реанимација, но по кратко време е констатирана смрт за која, според првичните наоди, причина најверојатно е срцев удар.




– Од страна на Генералштабот по добивање на првичните информации со преземање на сите потребни процедури, трагичната вест е соопштена на неговите најблиски и во моментот во координација со сите надлежни институции се преземаат сите неопходни мерки за пренесување на посмртните останки на нашиот припадник во неговото место на живеење.




По пристигањето на телото на нашиот починат мировник, погребот ќе биде со сите воени почести а во координација со неговата фамилија во време и место кое ќе биде одредено, се наведува во соопштението од ГШ на Армијата на Република Македонија.




Доцна синоќа, на својот профил на социјалните мрежи, се огласи и Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска:

Длабоко ме потресе веста за смртта на припадникот на нашата Армија кој се наоѓаше во мисија во Косово.




Неописива е болката на неговото семејство, но и загубата за Армијата, неговите колеги и пријатели, и за сите нас.

Сочувство до семејството. Нема зборови за утеха во овие мигови.




Неговиот спомен ќе остане засекогаш во нас“, напиша Шекеринска на Фејсбук.

Previous articleПоради оваа објавена слика почна сè – Ѓоковиќ најверојатно немаше да има никаков проблем, да не ја објавеше (ФОТО)
Next articleПо најновите информации, фанови и обожаватели се разочараа во Новак Ѓоковиќ