Home Live Поради оваа објавена слика почна сè – Ѓоковиќ најверојатно немаше да има...

Поради оваа објавена слика почна сè – Ѓоковиќ најверојатно немаше да има никаков проблем, да не ја објавеше (ФОТО)

Австралиските власти не запрае само на Новак Ѓоковиќ. Чешката тенисерка Рената Ворачова која од тенискиот терен беше однесена во хотелот за бегалци во Мелбурн, вели дека австралиските власти се премислиле откако и дале дозвола да игра, поради аферата со Новак Ѓоковиќ.




Таа иако се откажува од турнирот, посака Новак Ѓоковиќ да се бори на суд за да игра бидејќи спортистите дошле да играат тенис, а не да ги решаваат внатрешните австралиски спорови.

“Од една страна, ова ми се случи и поради Новак. И мислам дека не сум единствената. Изземања од здравствени причини беа дадени на повеќе тенисери..




Но, во исто време би сакала да го пуштат да игра. Ние сме спортисти, дојдовме за тенис, а не да се занимаваме со спорови во кулоарите.

„Ги прочитавме правилата, ги исполнивме условите, добивме ослободување по долга процедура. Не гледам причина зошто има потреба да седиме затворени во хотелот“, рече Ворачова во телефонскиот разговор за чешки весник.




Ворачова беше претходно пуштена дури и играше на тенискиот терен, но откако на Ѓоковиќ му забранија влез, а се дозна дека таа и други тенисери имаат виза врз основа на ослободување поради прележан Ковид исто како српскиот тенисер, ја однесоа во хотелот за имигранти.




Сагата за престојот на Новак Ѓоковиќ во Мелбурн се уште трае…

Се шпекулира дека околу 20 тенисери влегле во Австралија невакцинирани, а проблем има(ше) (досега) само Новак.




Разликата е во тоа што сите влегоа тивко, а само Новак јавно, со фотографија на својот Инстаграм профил следен од милиони луѓе, го најави доаѓањето во Мелбурн, што предизвика политичка бура во Австралија што резултираше со брутална политичка одлука за депортација.




Се започна на шпанско тло. Проблемот настанува кога Новак јавно ја објавува својата фотографија од аеродромот во Шпанија, со веста дека добил медицинско ослободување и со нетрпение го очекува настапот на Австралија Опен.




Инаку, самата објава потврдува дека Новак немал задни намери и дека само ги искористил постоечките законски опции за влез во Австралија.

Додека Новак беше во воздух, во авион на редовен лет од Дубаи, австралиските медиуми почнаа да креваат врева околу тоа дека на невакцинираниот Новак му било дозволено да влезе во Австралија, додека локалното население живее под многу строги антиквид мерки веќе две години, иако се во голем процент вакцинирани.




Хајката ескалираше како шумски пожар, а за само неколку часа половина од светските медиуми пренесоа резигнирани текстови и пораки од Австралија, во кои водеа политичарите, а потоа и медиумите.




Највлијателните политичари на власт, вклучително и австралискиот премиер Скот Морисон, во страв од сопствениот политички рејтинг, прават потези да се оправдаат во јавноста, што резултираше со контроверзната одлука за депортација.




Кога видоа дека нивната одлука предизвика многу поголема лавина од контролираната, предизборна, што ја очекуваа, властите решија последователно да започнат процес на проверка на визите за тенисерите кои веќе влегле во Австралија и во неа тренираат за Австралија опен.




Подолу е фотографијата и статусот на Ѓоковиќ, поради кој почна сè!

Previous articleКарлеуша му забрани на Душко да ѝ се доближи, дали е ова крај на бракот?
Next articleПо веста за упокојувањето на војникот, се огласи Шекеринска