Home Live Порасна внуката на Алачки, Адријана има посебен повод за среќа (ФОТО)

Порасна внуката на Алачки, Адријана има посебен повод за среќа (ФОТО)

Адријана Алачки, нашата позната пејачка и гастроносмки екперт е мајка на две деца, Грациела и Благоја. Адријана со љубов зборува за својата внука Јана, ќерката на Грациела и на зетот Игор, на која неодамна ѝ го честиташе роденденот.




Пејачката и водителката на емисијата „Вкусот на традицијата“, на својата ќерка Грациела со љубов ѝ го честиташе родененот, а емотивни објави таа пишува и за својот син Благоја кој се сврши минатата година:

Среќен роденден сонце мајкино. На овој ден после седум месеци од мојот карантин на ГАК Скопје се роди моето прво чедо, мојата прва љубов Граци. Целиот мој живот се промени, тоа што мојата мајка ми го кажуваше дури тогаш и поверував.




Ниту деновите ниту ноќите не беа исти, спокојни како порано. Првото запознавање, доење, запче, плач, насмевка, болка, се делиш со него. Заминуваш на работа и мислите ти се само кај твоето дете…едноставно само тоа ти е важно.




Расте, се менува, го следиш, ги живееш и неговите успеси и проблеми, се додека не се освестиш дека веќе твоето дете, не е дете…тоа дете има дете, семејство свое…свој човек. И тогаш мислите се на квадрат…повторно од почеток…и така само го мислиш Бога да се сите здрави и живи..

Затоа што тоа е само желбата на секој родител. А да не зборувам кога ке доживееш да твоето дете прераснало во здрава личност, морална, интелектуална и светска, а од скромност блика“.




Граци сине, ти си мојата причина за среќа и за постоење. Ти си мојот најголем успех. Доаѓам во состојба, од она тоа што си ТИ денес: човек, мајка, сопруга, реализирана професионално, да учам јас од тебе сине. Си ги препознавам моите успеси и грешки следејќи те тебе како мајка, како жена, со сите вредности.




Можам да кажам со еден збор, ти благодарам ќерко моја што со крената глава одам секаде. Ти си мојот образ и чистина. Да си ми здрава и жива и биди среќна бескрајно со твојот пород и семејство. Среќен роденден душа мајкина“, објави Адријана за ќерката.




-Јана, сонцето бабино. Среќно дете на Грациела и на Игор Димовски. Тоа со зборови не се искажува. Прекрасни и грижливи родители, секоја чест. Ја гледам недоволно колку што сакам и колку што имам потреба. За мене е најубавиот момент кога Јана ќе дојде кај баба и вујче на гости.




Целото внимание е кон неа, рефреш состојба“, изјави таа за внуката во Женски магазин.

Својот 52 роденден, Адријана Алачки го прослави сосема сама, во кара нтин минатата година. Без оглед на тоа, пејачката и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“ вели дека одамна немала позабавен роденден.




„Внуката, ќерка ми и зетот не можеа да ми дојдат на гости. А како да дојдат, бевме во карантин. Син ми беше заминат во викендица. Затоа, овој роденден го поминав сосема сама. Внука ми Јана ми испеа роденденска песна и ми подари торта, но еден ден пред да започне карантинот. Со син ми се видовме на вибер“, раскажала Алачки.




Таа вели дека ако на кратко треба да го опише роденденскиот ден, тој бил „како да работи на телефонска централа“.

Адријана овјави слики со ќерката Грациела и со внуката Јана, од прославата на Божиќ на која се гледа колку се среќни сите три заедно.




Во многу прилики, таа не пропушта да каже дека е среќна баба, а тоа го покажаа и новите фотографии на социјалните мрежи.

Previous articleСи дојдов дома Битола од Германија, козметичарката ме излажа дека е имунизирана и фати вирус
Next articleПознатиот Ју пејач со порака до Ѓоковиќ- и мене седум години не ми даваат виза, оди си, покажи достоинство