Home Live Познатиот Ју пејач со порака до Ѓоковиќ- и мене седум години не...

Познатиот Ју пејач со порака до Ѓоковиќ- и мене седум години не ми даваат виза, оди си, покажи достоинство

Најдобриот тенисер на светот во понеделник ќе излезе пред Федералниот с уд во Мелбурн кој ќе донесе одлука дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи на „Австралија опен“.




Рочи штето на српскиот тениски ас за жалбата на одлуката на австралиските власти да му ја укинат визата ќе се одржи во 10 часот по локално време, што е околу полноќ во ноќта меѓу недела и понеделник по средноевропско време.




Австралиските медиуми јавуваат дека постојат четири потенцијални исходи кои можат да ја решат оваа жалба. Еве ги опциите: 1. Новак го добива случајот и останува на „Австралија опен“ 2. Новак го губи случајот и ја напушта Австралија.




3. Судијата одлучува дополнително да го разгледа случајот и му дава посебна дозвола на Новак да учествува на „Австралија опен“ додека случајот не се реши.

4. Судијата одлучува дополнително да го разгледа случајот, но не му дава посебна дозвола на Новак да учествува на „Австралија опен“, и Ѓоковиќ ја напушта Австралија“, пишува Слободен печат.




Неговата фамилија заедно со најголемите поддржувачи во Србија веќе трет ден се на улиците на Белград, а денеска најголемо внимание привлече транспарентот кој го носеше неговата мајка Дијана.




Таа на фотографија од нејзиниот син имаше напишано „Бог гледа се“. Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Мелбурн во хотелот Парк, откако му беше одбиено барањето за австралиска виза, па мора да остане во хотелска соба до понеделник кога ќе биде донесена конечна одлука.




Адвокатите на Ѓоковиќ испратија документ во кои потврдуваат дека Србинот прележал ковид-19 во декември, односно на 16-ти декември бил позитивен. Меѓутоа, австралиските медиуми прашуваат како е тоа возможно, кога само еден ден подоцна Ѓоковиќ бил на церемонија во музеј, каде што доделувал трофеи на деца.




На фотографијата може да се забележи дека не носел ниту маска, ниту се придржувал до епидемиолошките мерки“, пренесе Спортски.мк

По повод состојбата со Ѓоковиќ, на Фесјбук се огласи познатиот пејач Ален Исламовиќ, кој вели дека тој кисто така има проблем со виза во САД веќе 7 години и не може да им пее на неговите сонародници.




-Тоа што му се случува на Ѓоковиќ, да не може да влезе во Австралија и да не може да добие виза, на мене ми се случува веќе 7 години. Мене со визата ме зе заат, и тоа со работна подолго време.

И не можам да отидам да ги забавувам и да им пеам на своите Босанци и Херцеговци, а кој тоа може да го забрани?




Еве тоа е Австралија и САД, а каде се правата и каде се националните интереси на малите граѓани кои живеат во САД, и јас на нив не можам да им отидам и да им ги пеам нивните национални песни.




Ѓоковиќ, врати се дома, да малку гордост, големите сили нека се прашаат дали таму нема да играш тенис, јас во САД веќе не пеам веќе 7 години, го жалам таму народот кој ја слуша мојата музика“, напиша Исламовиќ на Фејсбук.

Previous articleПорасна внуката на Алачки, Адријана има посебен повод за среќа (ФОТО)
Next articleЌерката на Турунџиева е убавица на мајка си, крушата под круша паѓа (ФОТО)