Home Live Си дојдов дома Битола од Германија, козметичарката ме излажа дека е имунизирана...

Си дојдов дома Битола од Германија, козметичарката ме излажа дека е имунизирана и фати вирус

Откако почна пандемијава, слабо сум излезена од дома. Работев од дома, онлајн како и цел свет, одам во маркети, на блискиот пазар во нашата населба, на прошетки, ама обично навечер.




Јас инаку сум од Битола, ама 22 години живеам во Германија, во предградието на Франкфурт.

Си заминавме со Трајче уште кога се зедовме, па децата таму ни се родија. Имавме тежок пат ама вредеше, така си велам некогаш кога ќе ме фати носталгија за дома.




Лани не си бев дојдена Битола, не мрднавме никој никаде. Годинава, се вакциниравме меѓу првите Трајче и јас. Се отворија границите и едвај чекав да си си ги гушнам мајка ми, брат ми, внучињата.




И решивме да си одиме дома, на одмор. Одморот во Македонија може и умор да биди, дур се видиш со сите родинини, тетки, комшивки. Сите прашуваат многу: како е таму, има ли работа, тешко ли ви е?




Секогаш кога ќе дојдеме истите прашања, ама како да отрпнав, како да се научив и им одговарам на сите по иста шема. Добро е, има работа, фала богу. Добри се децата фала богу.

Е сега прашањето: Зошто децата не дојдоа со нас? Големи се, заминаа на одмор со друштво. Тука зачуден поглед: Не сакаја баба им да си ја видат? Сакаа, ама ете уплатено им беше.




И завршувам со сите одговори, затварам портата, си седнувам во двор на раат кафе со мајка ми.

Пред тоа исчистив се во мојата стара куќа, ги исправ пердињата, а мајка ми веќе прави планови со зимница спремање кога ќе почнеме. Да бидам искрена, ми фалеше ова. Ама по малку.




И, како и сите гастрабајтери, јас кога ќе си дојдам дома си закажав на забар, на фризер, на козметичар, на депилација, на масажа. Одам на козметичар со години кај една иста жена, роднина е на моја добра другарка.




Добро работи, не поставува многу прашања, ме средува тип-топ, барам за месец, месец ипол сум мирна. Си закажав и сега кај неа, и се израдува кога ми го слушна гласот, кога и се јавив. Ама јас не можев да не ја прашам: Абе Ленче, ти се вакцинираше?




-Да мори чупе, како да не вакцинирам? Зар мислиш дека би го отворила салонот без тоа? И си заминав кај неа, и сите третмани по ред.

Ама кога дојдовме на ред за депилација и масажа на лице, јас морав да ја извадам маската. Очекував дека Ленче во тој случај ќе стави две маски, така барем прават на запад, а сум слушнала дека и кај нас исто.




Ама на Ленче во тој момент и заѕвони телефонот, мажот ѝ ја побара, ѝ нарачуваше што да купи за дома, таа некако се заборави и инстиктивно ја извади маската и воздивна длабоко. Се издиша всушност. „Мажи ко мажи“, само така ми рече.




Ми беше незгодно да ѝ речам, враќај ја маската веднаш, па помолчев, ама и реков после неколку минути. Оф, се занесов, ми рече, и ја врати маската назад. Супер помина третманот, си заминав среќна дома.

После неколку дена, ни дојде една комшивка на кафе во двор. И ја свртевме цела Битола во муабет, а на ред дојде и козметичарката. „Пустата, кор -она фатила, не работи сега. Ти, да не сакаше кај неа да одиш“, ме праша другарката.




-Ами, јас веќе бев кај неа, и убаво ми се издиша во фаца, реков луто и во моментот се тргнав подалеку и од мајка ми и од другарката. Ајде, со лесно да ѝ помине, рече дека е вакцинирана.

– Каква вакцинирана? Таја? Нема шанси! На едни им збори дека нема да дозволи да ја боц-каат никако, на тие што мислат исто како неа. Другите што ја прашуваат ги лаже, само за пазар да си направи.

Се осетив како буд -ала. Козметичарката ме направи лу да, ме прелажа. Ми се издиша во лице и мака немаше.

И не ми се ни јави да ми каже дека се заразила. Сигурно ни на другите што биле кај неа не им се јавила. Ах Елено, долго живееш во Германија, не ко да не знаеш кај си дошла?

Ми се чини дека качив температура од сугестија, од страв. Кај вујко ми во викендица избегавме веднаш откако се тестирав. Резултатот фала му на Бога негативен, и мојот, и на мајка ми и на маж ми.

Се вратив пак дома во Битола. И прво што почнав да правам е да ја убедувам мајка ми да дојде со нас во Германија. Да избега од овде.

После некое време ме смири дека не се сите луѓе исти. Ама јас уште го памтам гласот на Ленче кога ми рече: Вакцинирана сум, чупе! Без трунка грижа на совест!

Previous articleПавле Трајанов најави можност и да не гласа за новата Влада: Ако не се договориме, нема да гласаме
Next articleПорасна внуката на Алачки, Адријана има посебен повод за среќа (ФОТО)