Home Live Билјана Ванковска се прости од близок човек: Благоја беше патриот посветен на...

Билјана Ванковска се прости од близок човек: Благоја беше патриот посветен на Македонија

Статус на Билјана Ванковска: „Имам обичај кога ќе напишам колумна да ја споделам со еден број блиски пријатели, уште пред да биде објавена. Обично добивам некоја реакција, коментар, размена на мисла…




Но, денес одекот дојде во една инаква форма: разбрав дека мојата колумна стасала во инбоксот на мојот сега веќе починат колега Благоја Јанаков. Тукушто разговарав со ќерката која ми соопшти дека татко ѝ поч инал ноќеска.




Тагата што ја чувствувам е поголема кога знам како ги мина последните години пред пензионирањето, а и овие (чинам, две) години откако замина во пензија – во траума, разочарување, отфрлање, судење (воглавно јавно, од страна на НВО активисти кои станаа рецензенти на универзитетски учебници)…




Благоја беше човек со тешки моменти во животот (од дете до возрасен), а беше посветен на својата работа, исклучително вреден, но и како ретко кој патриот посветен на својата татковина Македонија.




Тивок или гласен (колку што можеше поради тешкиот проблем со гласните жици), но секогаш присутен таму каде што мнозина ескивираа. Јас и Благоја се гледавме на речиси сите протести и трибини, тогаш кога други седеа на топло.




Можеби некои од вас не знаат кој е Благоја Јанаков, но ќе ве потсетам на грдиот случај на хајка и тужба од 80 стр. против него и неговиот универзитетски учебник заради наводен говор на омраза, нетолеранција и хомофобија.




Човек кој цел живот посветил на наука и на образување кадри не заслужи така да замине од Факултетот, дури и без можност да се одбрани од организираната кампања, при што колегите му дадоа едвај млитава и куртоазна поддршка но и многу ножеви забиени в грб.




Замина Благоја, само рој си знае колку му било тешко. Јас го сметав за пријател и за умен човек од кој научив еден збор/поим (наслов на негова мала книшка која ми ја подари) – ДОБРУВАЊЕ!

Ете, тоа е она што ни недостасува, а што човекот кој го срочи овој збор не го доживеа, барем не во мерка која ја заслужи.




Нека поч ива во мир. Ние допрво треба да дознаеме што е добрување.“

Previous articleМилошески за филмот „Тома“: 90% од најдобрите сцени од филмот се измислени, го срушија митот
Next articleФросина раскажа што видела вчера во една скопска кафана, во која влегла да си земе нарачка за дома