Home Live Хелена Роза изгледа топ, фамилијарните слики од плажа го покажуваат тоа (ФОТО)

Хелена Роза изгледа топ, фамилијарните слики од плажа го покажуваат тоа (ФОТО)

Ребека Јанковска Ристески е првата македонска пејачка која сними високобуџетен видео спот, и со тоа ги помести границите во поп-музиката кај нас.




Од нејзиниот прв хит „Обиди се“, до последниот албум „Мириса на сон“, Ребека Јанковска-Ристески вели дека многу се променила и поинаку гледа на животните вредности.

Најзаслужен за тоа е нејзиниот најстар син Маркијан, кој неа и нејзиниот сопруг, доктор Милан Ристески, ги научил дека љубовта кон своето дете може и планини да помести.




Од 2013 година, нивниот дом е повесел и побогат за уште два члена, близнаците Макариј и Доротеј, пренесе Женски магазин во една прилика.

-Направив исчекор во музичкиот пристап, не само во оној аудитивен дел, но и во видео изразот на поп-културата во Македонија, инспирирав повеќемина вокалисти да раскрстат со шлагерскиот израз и да ја доживеат поп-културата многу послободно.




Донесов нов стил на пеење, аранжман на песните, сценскиот настап, стајлингот. Од првите два студиски албуми излегоа 17 хитови кои достигнаа прво место на нашите топ листи, а за сите тие направив видео. Третиот студиски албум, „Мириса на сон“, е правиот одраз на мојата душа во тој период, околу 2009 година.




Скоро се на тој албум е симболично. Од тогаш ми се сменија погледите на светот, ми се смени начинот на живот, перцепцијата, приоритетите, музиката, состојбата на духот, вредностите кои како луѓе треба да ги поседуваме.




-Морам да најдам време за себе и го наоѓам. Третмани многу ретко правам. Секако дека сум често присутна кај мојот драг пријател Сретен и Александар Дадар. Кога правам некаков дополнителен третман тоа го правам во „Алесандро“ кај мојата Цонка или кај Пешиќ.

Пријатели имам, но денес многу помалку. Тие што останаа си ги гледам или слушам барем еднаш во тримесечието. Кога ни беше најтешко, освен семејството и нашиот кум, само тројца пријатели ни помогнаа.




Сите останати се правеа како ништо да не знаат. Но, јас им благодарам на сите затоа што така престанав да го губам времето“, изјави Ребека во истото интервју. Познато е дека нејзина сестра е Хелена Роза, нашата позната водителка која долги години живее на Нов Зеланд, со семејството.




„Воздухот е кристално чист, градот и улиците чисти до перфекција, и речиси и да не ти се верува како може некој милионски град да изгледа така чисто и уредно. Како голем гурман, ги сакам разните видови на кујни од сите делови на светот.

Луѓето се многу позитивни, насмеани, и ако погледнеш некого подолго од две секунди ти се насмевнува и те поздравува.




Ми се допаѓа и тоа што во клубовите нема лица помали од 18 години, а некаде дури и од 21 година и што има дрес код на облекување“, вели Хелена во едно интервју кога беше дома, во Македонија.

Маркијан најмногу недостасува. Многу бев среќна и возбудена кога го видов лани во Скопје. На моменти посакувам да си го земам со нас во Нов Зеланд. Доротеј и Макариј, иако се гледаме на интернет секојдневно, ми беа многу пораснати, рече водителката.




„Се најдов во небрано. Се затвори телевизијата „А1“ и останав без работа. Отворив фирма, но и тоа не се покажа како добра идеја. Сепак, имав 38 години и сфатив дека морам да направам нешто и да се снајдам“, раскажува Хелена во Репортер.

„Собравме финансии и се преселивме на Нов Зеланд. Ќерка ми Кјара дојде по шест месеци. Бргу се навикнавме, иако не беше лесно додека да застанеме на нозе. „Па, јас дури и го чистев салонот на ‘Ауди’ таму.




Секојдневно бришев прав од 120 бироа. Но, немав проблем со тоа. Не ми беше важно дали ќе перам или ќе чистам зашто тоа ми се исплатеше“, раскажува помалата сестра на поп-пејачката Ребека.

Ребека објави слики од Хелена и од нејзиното семејство како уживаат во летото на Нов Зеланд и напиша: Нашите таму долу каде што е лето. Хелена со сопругот Игор, синот Тијан и ќерката Кјара на оваа фото сесија изгледа одлично, како на филм.

Previous articleОва е ќерката на Снежана Ѓуришиќ од Звезде Гранда, талентирана е на мама (ФОТО)
Next articleТијана Дапчевиќ: Новак не е обичен, Новак е весник на крајот на ѓубpeтo