Home News Стефановски: Ова со Ноле, ме поттикна да седнам и малку да ја...

Стефановски: Ова со Ноле, ме поттикна да седнам и малку да ја анализирам имунизацијата

Статус на Љупчо Стефановски: „Актуелните настани и една жестока твитер дискусија, ме потикнаа да го анализирам целиот процес на вакцинацијата и нејзиниот поширок значај. Таа има два аспекти: личен и колективен.




1. Личен аспект. При тоа единката самостојно одличува да прими во своето тело атенуиран природен вирус (Сино/Фарм/Вак), или вештачки синтетизиран дел од вирусот, кој се транспортира до клетката:

– со помош на друг безопасен адено-вирус (AZ/Спутник) или




– со помош на mRNA технологијата (Фајзер/ModeRNA/J&J).

Целта на овој процес е провоцирање на имун одговор на организмот и негова припрема со спремни антитела, да во момент на напад од вирусот, единката биде спремна брзо и лесно да се избори со вирусот.




Мене лично највеќе ме заинтересира релативно новата mRNA технологија и за време на локдаунот, а и после, пронајдов и прочитав многу материјали за нејзе. На крај ќе споделам еден натпис од Nature, кој хронолошки го проследува нејзиниот развој од 1978 наваму, сите фази, сите играчи.




Вклучувајки го и оној несреќен Малоун. Успут ме заинтересира и генетската терапија, па и за нејзе малку читав, повеќе за да си објаснам дали има или нема генетска терапија кај вакцините со mRNA.

Одговорот излезе дека е тоа само уште еден обид на анти-ваксер екипата да го заплашат обичниот човек со такво без предметно тврдење. За жал, многу луѓе и ден денес се жртви на такви малициозни агит-проп кампањи.




За да се случи генетска терапија, треба од единката прво да се земе примерок генетски материјал, да се обработи со тоа што дел од генетската секвенца ќе се: Модифицира; Замени со нова; Угаси

после што тој генетски материјал треба да се врати назад кај пациентот со цел лечење. Материјал од еден пациент не може да биде вметнат во друг пациент затоа што ќе биде отфрлен како страно тело.




2. Колективен аспект на вакцинирањето. Према мене, тоа е чин во кој единката свесно превзема ризик, да биде дел од тие 0,01% што ќе имаат некакви несакани последици, во име стварање еден колективен имунитет, со кој ќе се спречи стварањето мутации и ерадицира вирусот и пандемијата.




Ако погледнеме во не така далечното минато, бета варијантата потекнува од UK, каде прерано беа олабавени рестрикциите на сеуште недовршен процес на имунизација.

Делта сојот дојде од 1,2 милијардна Индија, каде објективно не можеше да се постигне брза имунизација на населението. Омикрон дојде од Јужна Африка и регионот, на ниско ниво на имунизација.




За разлика од нив на пример, нова мутација не дојде од големите држави како Кина, САД, Русија, Германија, Италија итн, каде се вакцинира висок процент на населението.

Нормално, стално може и повеќе и подобро, но основната цел да се заштити колку-толку населението, да се одржи какво-такво ниво на економски активности и не се дозволи колапс на економијата на глобално ниво се постигна. Во тој поглед вакцините ја извршија својата функција. Со последиците од координирано печатење пари сигурно уште долго ќе се справуваме, но тоа е друга тема.




Но, борбата со вирусот не престанува, затоа што битката уште не е добиена! Се наговестуваат нови варијанти после Омикрон. Мислам дека е веќе присутен кај нас. Огромен број се заразија за време на новогодишните забави и прослави. За среќа голем дел се млади луѓе, кои брзо и лесно го поминуваат, делумно и поради претходно примени вакцини.




Се покажа дека бустер дозата е сепак потребна за да се одржи висок ниво на антитела и дека во голема мерка придонесува за ефикасен и брз имун одговор во случај на средба со корона вирусот. Знам дека голем дел од нас веќе прими бустер доза и од тој аспект сме направиле се што е во наша моќ на индивидуален и колективен план.

Бев непријатно изненаден од целата сторија околу Ноле и ова што се случува. Сите го сакаме од овие простори и навиваме за него. Лесно е да се поистоветиш со него и неговата борба да успее да биде Бр.1 тенисер на сите времиња.




Но оваа епизода на AO ќе фрли црна дамка на тој негов обид и многу контроверзи. Не би сакал ниту да го напаѓам ни бранам, но мислам дека погрешен пристап одбра во решавањето на овој случај. Целата сага дали Ноле ќе учествува или не на AO трае уште од Ноември и сите ние кои го пратиме тенисот со нетрпение очекувавме што ќе се случи.

Што и да се случи утре, една голема шанса е пропуштена: Ноле према мене требаше да стане дел од човештвото на оваа планета, кое прими две дози вакцина, свесно го превзеде ризикот за несакани последици и како role model им покаже на милиони свои следбеници што значи да си општествено одговорен и превземеш колективните обврските, како плаќање данок итн. Но, тоа е тоа.

Он го одбра спротивното, од кои причини, тоа е нешто за што сигурно уште долго ќе се дебатира. Сигурен сум дека нетрпеливоста на глутен не може да пројде како основа за иземање. Што точно се случило, на која основа побарал иземање? Деновиве што следат ќе дадат одговор.

Но, шансата Ноле да биде предводник и пропагатор на општествено одговорно однесување, како Бр.1 светски рекет, кон кого очите на цел свет сега се вперени – во овој момент е пропуштена. Се надевам дека грешам.“

Статусот на Љупчо Стефановски е јавен и можете да го прочитате ТУКА

Previous articleФросина раскажа што видела вчера во една скопска кафана, во која влегла да си земе нарачка за дома
Next articleБараат истраги против Заеви: Димитар Ковачевски, доколку сака да биде сериозно сфатен да се позанимава со Заеви, бараат од ВМРО-ДПМНЕ