Home Live Тијана Дапчевиќ: Новак не е обичен, Новак е весник на крајот на...

Тијана Дапчевиќ: Новак не е обичен, Новак е весник на крајот на ѓубpeтo

Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ во една прилика зборуваа за разводот на нивните родители, за српскиот магазин „Стори“. „Разводот на родителите не обележа“ велат двете познати пејачки, а целата приказна се објави во печатеното издание на магазинот.




Во неколку наврати, Тамара има изјавено дека нејзината мајка Брана која е поранешна оперска пејачка и професорот по контрабас, Велко Тодевски останале во добри односи по разделбата.




„Не ми беше сеедно кога Тијана се пресели во Белград, а не ми е ни сега. Но, знам дека таа тука е среќна“, вели Тамара во заедничкото интервју со Тијана кое е направено во Белград. Тамара, која по освоеното седмо место на „Евросонг“ е актуелна во целиот регион, даде искрено интревју и за српскиот портал „Новости.рс“.




Навистина мислам дека солзите се лек за сѐ. Најголемиот дел од времето се трудиме да бидеме силни, но мислам дека нашата сила лежи во тоа да ја покажеме слабоста, и да уживаме, како во позитивните, така и во нештата кои не прават тажни дури можеби и во оние кои не повредуваат.




Ова најверојатно звучи лудо, но кога ќе се свртам назад на својот живот, токму тешките моменти, во кои сум била повредена и поради кои сум плачела на крај ме направиле посилна личност каква што сум денес“, рекла Тамара. Тијана во Женски магазин се присетила на новогодишните празници кои ги поминала со својата сестра.




-Дома покрај телевизор, па ќе дојдеа некои пријатели на тато и на мама, па се слушаше Тома Задравковиќ, па Шабан Бајрамовиќ, па тогаш се сеќавам, ми купи тато „Пионир“, музички систем, и се сеќавам, прва плоча којашто ја добив од татко ми беше „Трилер“ на Мајкл Џексон.




И се сеќавам, среде Тома Здравковиќ и Шабан Бајрамовиќ велев: „А, сега малку јас“. Морав да ги забавувам, морав секогаш да бидам во центарот на вниманието“, со насмевка се сеќава Тијана.

Таа се присети на една интересна Нова година, која ја поминала работно, во Херцег Нови каде што пеела на плоштадот, во 2004-2005 година.




– Се сеќавам, облеков капутче едно, баба ми Бог да ја прости викаше Веленција, ладно, дуваше некој ветер, се смрзнав, не можев да се соберам после тоа, а морав да пеам и утередента и задутре дента.




Значи пеев на 31, 1 и 2. Се сеќавам дека останавме на море уште едно 5-6 дена, откако заврши тоа дувањето, останавме да се стоплиме“, се сеќава Тијана. Таа раскажа и за тоа дека медиумите често „ја разведуваат“ со сопругот Милан.

– Па, знаеш како велат: Кучињата си лаат, караванот си врви или Зад добриот коњ прашина се крева. Што поуспешен си, тоа повеќе непријатели имаш и повеќе луѓе коишто сакаат да ти прават сопки.




Секогаш зборувам дека сум од оние што си гледаат само во својот двор. Сакам да им помагам на луѓето кога се во неволја, така сум воспитана. Не обрнувам многу време на медимумите, кога им е здодевно си пишуваат што сакаат. Сите знаеме што е виситна. Јас маж ми си го сакам, тој мене ме сака, и тоа е тоа.




Тијана го поддржа Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер околу кој се крена вистинска драма овие денови откако не му е дозволен влез во Австралија. Тијана на своето стори на Инстаграм објави статус на пријател кој вели:

-Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, тоа на сите им е јасно. Меѓутоа, Новак е многу повеќе од самиот тенис.




Новак е повикот на слобода, Новак е весник на крајот на ѓуб рето.

Previous articleХелена Роза изгледа топ, фамилијарните слики од плажа го покажуваат тоа (ФОТО)
Next articleПозната е причината за kaвгата помеѓу Карлеуша и Душко Тошиќ