Home Live Ана Бекута за прв пат се појави во јавноста по загубата на...

Ана Бекута за прв пат се појави во јавноста по загубата на саканиот и откри како ѝ е

Ана Бекута неодамна остана без долгогодишниот партнер Милутин Мркоњиќ, а потоа ги изненади своите обожаватели кога реши да ја исполни последната желба на својот сакан и објави и дека се враќа на работните обрски.




„Најдраги мои, одлучив во Новата година сепак да влеземе заедно. Се гледаме на 31 декември во преубавото Требиње, а на 1 јануари во магичната Бања Лука. Се радувам што ќе се прегрнуваме и грееме со песна. Добро облечете се, немој некој да дојде без долна маица.

Ве сака вашата Ана“ – напиша Бекута на својот Инстаграм профил пред Нова година. А претходно, српските медиуми пренесоа дека Мрка, ја заколнал Ана додека бил во болничка постела да продолжи со пеењето и по неговото заминување.




„Мрка сите го знаат како голем шегобиец, тој е толку позитивен човек што секаде внесува само радост и насмевки. Дури и додека поминува низ најтешката животна борба, тој е позитивен и се труди да ѝ олесни на Ана.




Многумина се заудија кога таа соопшти дека нема да ги откаже настапите, иако Мрка се бори за живот.

Всушност, не е фер што ја оговараат Ана, бидејќи тоа беше желба на Мрка, тој знае дека песната и работата ја одржуваат Ана во живот и затоа бараше од неа да му вети дека нема да се одрече од музиката ниту во најтешките моменти“ – своевремено кажа извор близок на пејачката за медиумите.




Во едно претходно интервју за „Глоси“ таа проговори за врската со Мрка, кога престанала да пуши, дали готви и многу други детали од нејзиниот приватен живот. Ана истакна дека го чува својот добар вокал благодарение на тоа што престанала да пуши цигари пред седум години.




„Помирно живееме. Тој веќе шест години не е во политика, тогаш даде оставка. Ми помага, често патува со мене на настапи“, раскажа тогаш Ана и објасни дека се чувствува сигурно кога е Мрка со неа на настапи.




По загубата на Милутин Мркоњиќ, Гранд продукција престана да снима емисии, а Ана Бекута извесно време се повлече од јавноста за да тагува во мир. Милутин Мркоњиќ го напушти овој свет пред нешто повеќе од еден месец, а пејачката се уште се чувствува лошо поради оваа загуба.




Сепак, Ана мораше да почне да работи и да снима, пa се појави во студиото на Кошутњак каде продолжи снимањето на Ѕвездe Гранда, а на насобраните новинари таа сосема кусо им се обрати со зборовите: „Тажна сум, ќе има можности за приказни.

Таа не можеше да ја сокрие тагата на лицето. Таа се обиде да им се насмее на насобраните фоторепортери, но тагата на нејзиното лице беше јасна.




Претходните денови Ана и нејзинана внука Соња престојуваа во Босна и Херцеговина каде посетија и манастири. Таа им се обрати на своите следбеници на Божиќ на социјалната мрежа Инстаграм со зборовите:

– Мир Божји, Христос се роди. Драги мои, Христовото раѓање нека донесе љубов, мир и радост во сите ваши домови и секоја нес реќа и тага да ја остави далеку зад себе.




Се надевам дека овој ден ќе го поминете среќно и здраво со вашите семејства и оние што ги сакате. Ако знаете некој кој е осамен денес, јавете му се. Ве сакам и ве гушкам – напиша Ана на социјалните мрежи.

Previous articleБорче: Читам дека некои од вас заглавиле на автопат, и прочитав дека у влада ќе вршат набавка на нов прибор за ручавање од скоро 80000 евра- ако ни е !
Next articleАнета Наковска се стoпи, ужива на плажа во Америка во мини бикини (ФОТО)