Home Live ЕЖЕЊЕ – во Мелбурн ечи „Pacпукала Шар планина” – Србите...

ЕЖЕЊЕ – во Мелбурн ечи „Pacпукала Шар планина” – Србите со македонска песна му даваат поддршка на Ноле (ВИДЕО)

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ на суд ја победи австралиската влада и беше ослободен. Новак доби виза, му беа вратени пасошот и личните документи, а Австралија ќе мора да му ги плати сите трошоци.




Судијата Кели донесе одлука Новак Ѓоковиќ да биде ослободен по повторното судење. На австралиската влада и е наложено да ги плати сите трошоци, да биде ослободен во рок од 30 минути и да му бидат вратени пасошот и личните работи.




Одлуката на судот ја потврди и адвокатот на Новак, Ник Вуд. Јавниот обвинител Кристофер Тран вели дека сè уште не е готово.

Новак Ѓоковиќ на суд ја победи австралиската влада и беше ослободен.




Ѓоковиќ доби виза, му беа вратени пасошот и личните документи, а Австралија ќе мора да му ги надомести сите трошоци.

Сепак, тоа не е крајот. Кристофер Тран се зак анува и вели дека министерот за имиграција Алекс Хок го има последниот збор.




Според него, тој се уште има право да го депортира Ѓоковиќ. Доколку одлучи, Ѓоковиќ ќе добие забрана за влез во Австралија во следните три години.

Кристофер Трен изјави дека и покрај ваквата одлука на судијата, за Ѓоковиќ сè уште не е готово, бидејќи последниот збор го има министерот за имиграциско право, Алекс Хок.




Свој одговор на тоа имаше и судијата Кели, кој остро му одговори на Трен да не ја користи заканата за повторно затворање на Ѓоковиќ користејќи ја извршната власт.

„Би-Би-Си“ за коментар после одлуката на судот со која Новак Ѓоковиќ е привремено слободен, барем до конечната одлука околу депортација, го побара уредникот на спортската редакција на „Телеграф“, Оливер Браун.




И покрај судската одлука во корист на најдобриот тенисер на светот, следниот ден се очекува потегот на австралиската Влада, поточно министерот за имиграција, Алекс Хок кој ќе го има последниот збор дали ќе донесе одлука за депортација на Ѓоковиќ од Австралија.




– На турнирот „Австралија опен“ би можеле да гледаме многу грда атмосфера. Можеме да претпоставиме дека Новак, дури и да се натпреварува, ќе има голема поддршка.

Српските навивачи поради него правеа нереди пред хотелот во кој беше пр итворен. Но, кога се гледа учинокот на тенисот на Новак, тој може да биде подобар поради тоа – вели Браун.




Браун вели дека Ѓоковиќ психички е еден од најсилните спортисти во историјата.

– Ѓоковиќ се храни оваа ситуација. Другите под притисок не би издржале и би го фателе првиот лет за дома, но тој не е таков. Тој реши да остане и да се бори. Австралискиот премиер Скот Морисон вложи голем дел од својот политички капитал во случајот на Ѓоковиќ.




Да не ги заборавиме следните федерални избори за четири месеци. Морисон сака гласачите да го гледаат како строг кога станува збор за теми како оваа, и тој сигурно нема да направи исклучок за никого – се зборовите на Браун.

Инаку, кога сме кај српските навивачи, тие деновиве беа постојано пред хотелот во кој беше сместен Ноле и скандираа за негова поддршка.




Освен скандирање на неговото име, се пееја и песни, а особено силен впечаток е видеото подолу, на кое се пее песната „Распукала Шар Планина“.

Previous articleНајсаканата Ју пејачка која ја симнаа од тронот ретко го покажува мажот, а сега со слика му упати многу емотивна порака (ФОТО)
Next articleСреќен роденден тато- маестро Џорлев требаше да наполни 55 години, синот со емотивна порака