Home Live Плата потрошена до 10ти не знаеш како ќе се прехраниш, ама НЕКА,...

Плата потрошена до 10ти не знаеш како ќе се прехраниш, ама НЕКА, на душата ти е убаво оти Ноле доби правдина

Извесно е дека најдобриот светски тенисер ќе се обиде да стигне до јубилејниот, десетти трофеј на Австралија Опен, но сигурно ќе има „горчлив вкус во устата“ поради сето она што го доживеа претходните денови во Мелбурн.




Овојпат во медиумите се појавија документи кои дефинитивно потврдуваат дека Новак Ѓоковиќ ја поседувал комплетната потребна документација за непречен влез на австралиско тло, како и учество на првиот Грен слем турнир годинава, пренесува Република од Белград која ги објави документите.

Џејмс Мекферсон, австралиски новинар, е воодушевен од судската одлука во корист на Новак Ѓоковиќ, пренесе Курир- спорт од Србија.




Овој колумнист на порталот „Спектатор“ пред неколку дена напиша одлична статија за случувањата во Мелбурн и ситуацијата во која се најде Новак Ѓоковиќ, брзо се огласи на Твитер.

„Јас сум Австралиец. Денес е првиот ден во мојот живот кога сум среќен што гледам како мојата земја губи во нешто“, напиша Мекферсон. Тој посебно нагласи:




-Австралија стана предмет на потсмев во изминатите две години. Сега сите го знаат тоа. Доволно ми е за да се сетам дека избраните функционери не шетаа и не им се закануваа на здр авите граѓани кои го почитуваат законот“.

Мекферсон му одговори и на познатиот критичар на Новак Бен Ротенберг, новинар на Њујорк Тајмс. „Повремен важен потсетник, Ѓоковиќ лесно можеше да ја избегне целата оваа компликација со вакцинирање како 97 проценти од неговите колеги.




На ова Мекферсон му одговори: Да. И сè што требаше да направи е да се откаже од својата телесна автономија и сета таа компликација ќе беше избегната“, иронично изјави австралискиот новинар.

Да потсетиме, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во понеделникот рано наутро по српско време ја освои Владата на Австралија и со тоа доби можност да влезе во земјата и да настапи на Австралија опен.




Иако одлуката на судот треба да биде последна во хаосот кој трае веќе седум дена, засега е само продолжение на приказната за Новак Ѓоковиќ во Мелбурн.

Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ за Австралија замина на 4 јануари. По тој повод испрати порака дека добил медицинско ослободување од вакци нација. Меѓутоа, еден ден подоцна на Новак не му беше дозволен влез во земјата.




После тоа, Ѓоковиќ помина низ неколку сослушувања и беше ставен во при твор на аеродромот во Мелбурн. По тој повод неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ објави дека се собрал во одбрана на Новак.

Малтретирањето на Ѓоковиќ продолжило и по аеродромот, бидејќи бил сместен во хотел каде што не добивал редовна храна. Новак за прв пат проговори на Бадник.




Србите од Австралија се собраа пред хотелот во кој е сместен Новак и секојдневно му даваа гласна поддршка.

Ѓоковиќ и неговиот адвокатски тим веднаш поднесоа жалба на одлуката на граничната полиција за забрана за влез. И покрај сите притисоци, Новак Ѓоковиќ ја доби австралиската влада на суд, па таа одлука му ја врати визата за престој во Австралија.




Одлуката на судот значеше дека Новак Ѓоковиќ е слободен човек. Но, министерот за имиграција Алекс Хок сè уште има дискреционо право да го депортира Ѓоковиќ. По овие случувања, многу македонски граѓани се огласија на социјалните мрежи.

Некои статуси беа со поддршка на Ѓоковиќ и неговото право на слобода, а некои со ос уда. Еден од статусите кои го има напишано Блерина Старова Златку вели:




-Плата потрошена до 10ти не знаеш како ќе се прехраниш, мрзнеш оти немаш парно а надвор времето сѐ полошо, переш и готвиш на скапа струја и само господ знае како ќе ја платиш, ков ид насекаде ама си викаш нема мене да ме фати, болен си, нема термин за на доктор, дури и земјотрес те стресе јако.




Ама НЕКА. На душата ти е убаво оти Ноле доби правдина, иако уште стрепиш до утре, око нема да склопиш, останува последната битка на Ноле да ја дочекаш на нозе
Ноле да го биде, па се друго ќе си дојде.

Previous articleАнета Наковска се стoпи, ужива на плажа во Америка во мини бикини (ФОТО)
Next articleБоби Илиевски: Новак да му забрани на татко му Срџан да дава изјави и да присуствува на мечевите