Home Live По сè што се кажа за него, синоќа на Инста се огласи...

По сè што се кажа за него, синоќа на Инста се огласи Душко Тошиќ, сопругот на Карлеуша

Медиумите пренесуваа дека Jeлена Карлеуша минатата недела поднела приј ава против сопругот Душко Тошиќ и го обвинила за семејно нас илс тво, по што на фудбалерот му е забрането да и се приближува на пејачката во траење од 48 часа.




Драмата наводно се случила на божиќниот ручек во домот на Дедиње, на кој присуствувале и семејството на Јелена и Душко, кој исто така наводно е сведок на немилиот настан, пишуваат медиумите.




Само два часа пред Јелена да го пријави сопругот, таа на стори на својот профил на Инстаграм објави фотографија од почивалиштето на нејзината мајка Дивна Карлеуша.




Јелена била многу врзана за својата мајка, која го напшушти овој свет пред три години, по тешко боледување. На пејачката најмногу и недостига мајка си на големите празници, кога во нејзиниот дом имало семејни дружења, како на Божиќ.




Наводно, инцид ентот се случил околу 12 часот, а набргу потоа во вилата на Дедиње пристигнала пол иција. Јелена одбила да даде лекарска помош, како и да даде изјава во поли циска станица.

По излегувањето од станицата, адвокатите на Душко Тошиќ изјавија дека нивниот клиент не е виновен, како и дека немало никакво нас илство.




Душко Тошиќ и сопруг синоќа на Инстаграм првпат се огласи по обвинувањата дека ја плукнал Јелена, а потоа ѝ уд рил толку силна шла каница што и го оте кло лицето.

Неговите адвокати и по инц идентот рекоа дека тој негирал дека ја удрил, но судот, сепак, му забрани да ѝ се приближува на сопругата 30 дена.




– Почитувани следбеници, пријатели и припадници на медиумите.

Обично не сакам да се обраќам по овој повод бидејќи сметам дека моето име, лик и дело треба да се поврзани исклучиво со спортската приказна и добрите хуманитарни дела. Го следев она што го објавуваат повеќето медиуми и затоа сум принуден да се обратам на овој начин.




Како што можете да видите, секаде сум прикажан како наc илник и во секој наслов сум негативна страна. Јас сум првиот од оние кои не поддржуваат насилство и никогаш не сум го употребил.




Луѓето кои ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде џентлмен каде и да е и што и да прави. Затоа сакам да знаете дека овој пат ќе останам доследен на себе, ќе ги игнорирам лагите и ќе чекам да помине ветерот против мене, напиша Тошиќ.




Тој на крајот порача дека би требало енергијата и мислите да ги насочат кон Новак Ѓоковиќ и со цело срце да застанат покрај него.

Previous articleДоцна во ноќта, Битолскиот професор со порака до Битолчани: Само може полошо да направите, доколку бегате по скали и лифтови
Next articleВо септември бев позитивна, што да правам доколку сум повторно – професор Даниловски одговори