Home Live Сашо Тасевски: Одма до Воинот на коњ да го ставиме Ноле на...

Сашо Тасевски: Одма до Воинот на коњ да го ставиме Ноле на кенгур, Македонец е!

Најдобриот светски тенисер тенисерот Новак Ѓоковиќ постигна делумна победа во конфликтот околу неговата виза за учество на турнирот во Австралија.




Суд от во Мелбурн денеска донесе одлука во полза на 34-годишниот Новак Ѓоковиќ и нареди ослободување на тениската ѕвезда од мигрантскиот хотел каде што се наоѓа во моментов. Адвокатите на Ѓоковиќ поднесоа жа лба поради анулирањето на неговата виза од страна на австралиските гранични власти.




Судијата Ентони Кели во првиот дел од сослушувањето, откако адвокатите на тениската ѕвезда го претставија своето гледање на работите, оцени дека однесувањето на австралиските власти не било соодветно и праша: „Што уште можел да направи овој човек?““, објави Дојче Веле.

Судијата Ентони Кели утврди дека визата на Ѓоковиќ неоправдано му била укината по неговото пристигнување во Австралија и притоа нареди веднаш да се пушти на слобода првиот светски рекет.




Свој одговор на тоа имаше и судијата Ентони Кели, кој остро му одговори на адвокатот Трен да не ја користи заканата за повторно затворање на Ѓоковиќ користејќи ја извршната власт. Еден пресуден момент имаше во текот на судењето, имено зборовите на судијата Кели како да ја најави победата на Ѓоковиќ.




Додека адвокатите на Ѓоковиќ ги изнесуваа фактите за патната документација на Новак, медицинското ослободување и третманот и грешките на цариниците, судијата накратко го прекина адвокатот Вуд и даде свој коментар.

Воедно на 20-кратниот грен слем шампион му се вратени пасошот и личните работи, а австралиската влада ќе мора да ги плати трошоците.




Меѓутоа драмата околу Новак се уште не е завршена затоа што Кристофер Тран кој ја застапува Австралија порача дека министерот за имиграција Алекс Хок може повторно да ја укине визата на најдобриот тенисер на светот и тој да биде депортиран.




Во случај да тоа сценарио да се оствари и Хок го искористи тоа овласување, тогаш Ѓоковиќ три години нема да смее да влезе во Австралија“, пренесе Дерби.мк.

Инаку, рочиштето за случајот со влезот на Новак Ѓоковиќ во Австралија почна на полноќ по средноевропско време, а од 10 часот по локално време во Мелбурн. На Ѓоковиќ му беше одбиена виза за влез во земјата откако веќе слета во Мелбурн. Последните четири дена ги помина во хотел за имиграција.




– Австралиските власти веќе најавија можно ново апсење и одбивање на визата. Ѓоковиќ победи на ова рочиште, но тоа не значи дека ќе остане во Австралија и ќе игра на Австралија опен каде сака да ја освои 21. Грен слем титула.

Властите веќе најавија ново можно апс ење и депортација“, пренесе Независен весник.

По повој поводд, се огласи актерот Сашо Тасевски кој за цело веме на драмата, му даваше поддршка на Ѓоковиќ на Фејсбук, а овој пат тој напиша:




„Одма до Воинот на коњ да го ставиме Ноле на кенгур. Да беше Србин ќе се вак цинираше, ама он мр ази вак ци ни, значи Македонец е.“

Previous articleВо септември бев позитивна, што да правам доколку сум повторно – професор Даниловски одговори
Next articleНајсаканата Ју пејачка која ја симнаа од тронот ретко го покажува мажот, а сега со слика му упати многу емотивна порака (ФОТО)