Home News Боби Илиевски: Новак да му забрани на татко му Срџан да дава...

Боби Илиевски: Новак да му забрани на татко му Срџан да дава изјави и да присуствува на мечевите

Изминатите неколку дена, главна вест во медиумите е сагата на Новак Ѓоковиќ во Австралија.




Мајката на Новак Ѓоковиќ, Дијана, вчера ја истакна големината на победата што нејзиниот син ја освои со неговото ослободување во Мелбурн.

Најдобриот светски тенисер конечно беше ослободен по шестдневен престој во притвор за имигранти.




„Момчето кое го научи семејството да не толерира лаги, измами и секогаш се бореше за правда. Тој не е виновен, не направи ништо што го крши законот и повторно претрпе тортура.




Штотуку слушнавме што преживеал и секако дека застана против системот и владата затоа што мислеше дека има право да остане таму со добиената виза и дека отиде да го освои тој турнир.

Никогаш не сме се соочиле со ваква ситуација. За нас оваа ситуација е тешка, се обидовме да се бориме за него некако да се слушне за тој глас низ светот“, изјави Дијана Ѓоковиќ.




„Емоциите што ги доживеавме беа различни, тага, очај, разочарување. Имаше моменти кога немаше ни телефон и не знаевме што се случува и не знаевме дали е добро или дали се е во ред со него.

Тоа се работи, што јас како мајка не можам да ги преболам и мислам дека сите мајки на светот ќе ме разберат. Благодарам на сите луѓе во светот кои го поддржаа, што му даваа сила да се бори“.




„Во Мелбурн, до тој хотел, нашите луѓе го поддржаа. Тој ги слушна, но не можеше да ги види. На целиот свет му покажавме каква неправда е тоа: сѐ уште постои Бог и сѐ уште има правда во светот и таа правдата беше донесена во вистинско време и Новак е ослободен. Ова е најголемата победа во неговата кариера, поголема од сите негови Грен слемови“.




Претходно, прилично несмасна изјава за медиумите, даде и таткото на Новак Ѓоковиќ, Срџан, кој се обиде да ја исполитизира целата ситуација.

Боби Илиевски, кој често на социјалните мрежи коментира настани од секојдневието, со порака до Новак, во врска со неговиот татко:




„Новак тренира. Прво, Новак немаше да се доведе во ваква состојба доколку беше вакциниран.

Судијата ги почитуваше процедурите, на негово барање судењето одеше во живо и донесе правилна одлука.
Од, како властите му дозволија на Новак да настапи, под притисок на јавноста се повлекоа и почнаа постапка за негово протерување.




Имено, во Австралија која имаше еден од најдолгите локдауни 250 дена и каде 90 отсто од населението е вакцинирано за две недели се оджуваат федерални избори.

Судијата со својата одлука ја спречи политизацијата и популизмот

Останува на Новак, да го објасни однесувањето оние неколку дена од кога добил тест дека е позитивен.




И, да му забрани на татко му Срџан да дава изјави и присуствува на неговите мечеви, а, тоа веќе го има направено затоа што по неговите истапи, морал да се дообјаснува во медиумите, со Надал, Федерер“, напиша на својот профил на социјалните мрежи, Боби Илиевски.

Previous articleПлата потрошена до 10ти не знаеш како ќе се прехраниш, ама НЕКА, на душата ти е убаво оти Ноле доби правдина
Next articleД-р Кунгуловски од Жан Митрев Клиника: Се случува нешто што не би сакал ни да го помислам