Home News Данела му одговори на мандатарот Ковачевски: Дегутантно е ова префрлање на одговорност

Данела му одговори на мандатарот Ковачевски: Дегутантно е ова префрлање на одговорност

Мандаторот Димитар Ковачевски изјави дека Владата нема оваа зима да ги остави скопјани без парно. Според него, Министерството за финансии преку развојана банка обезбедило поволен крердит за комапнијата БЕГ со кои може да набави гас за топланите.




– Тие средства се понудени на компанијата, меѓутоа за кредитот БЕГ како приватна компанија треба да понуди гаранција според пазарни банкарски услуги.

Доколку тоа не се случи, тогаш се разгледува опција за времено преземање на работењето со компаниите во Скопје којшто се задолжени согласно со своите лиценци да обезбедат топлинска енергија на граѓаните на градот Скопје – нагласи мандатарот Ковачевски..




Тој потсети дека градските власти не предвиделе мерки за вакви ситуации иако целата инфраструктура е во надлежност на Град Скопје.

– Економскиот тим на Владата ја разгледа ситуацијата и донесе неколку одлуки што се во прилог на разрешување на кризата.




Сите владини институции веќе плаќаат топлинска енергија по пазарни услови, што значи според цената на гасот што ја набавува операторот на системот во град Скопје – потенцира Ковачевски.

На ова денес, му одговори градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Порталот на Град Скопје, го пренесе нејзиниот став.




-Пет месеци се доцни за преземање мерки за ублажување на ефектите од кризата, смета градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, којашто денеска ја коментираше вчерашната изјава на мандатарот за Влада, Димитар Ковачевски, дека обврска на Градот е решавање на енергетската криза во Скопје.




„Би сакала да ја прокоментирам и изјавата на новиот мандатар дека Владата нема да дозволи Скопје да остане без парно. Би ја поздравила оваа изјава на мандатарот и сакам да го посетам дека обврската за ова е на Владата, дека БЕГ има добиено концесија од Владата, а не од Градот и секако тоа е обврска и одговорност на Владата.




Воедно се доцни веќе пет месеци за преземање мерки за ублажување на ефектите од кризата. Несериозно е префрлање на одговорноста на институции што немаат ниту средства, ниту одговорност за хаосот настанат во енергетиката.

Оваа Влада има, исто така, обврска кон општините и граѓаните, особено бидејќи тие се оставени без средства и задолжени се до максимум“, смета Арсовска.




Според неа какви било конструкции и приказни за тоа дека некој ги спасува граѓаните во услови кои има енергетска криза е крајно несериозно, бидејќи тоа секако беше одговорност на Владата уште од почетокот на оваа криза минатата година.




„Префрлањето на вина или обидите на оној кој не презема мерки во кризава, да се прикаже како спасител е дегутантно и непотребно бидејќи ако се реагираше на време со мерки, како што тоа го направија владите на другите држави, сега немаше да има толку големи проблеми.




Сите плаќаме поскапа електрична енергија, парно, нафтени деривати. А општините и нивните институции плаќаат петпати поголеми сметки за електрична енергија затоа што се дозволи еднострано раскинување на договорите од страна на снабдувачите со електрична енергија, без никакви последици.




Владата од нас бара одговорност, а притоа ги има сите средства собрани од граѓаните и не е спроведена целосна фискална децентрализација, затоа што тоа ќе значи помалку пари во буџетот на Владата, а повеќе во општините и Градот Скопје, што ќе значи поголема одговорност и поголема финансиска независност на општините“, изјави Арсовска.

Previous articleНиколocки: Партиите од типот на онаа на Павле Трајанов за ситни интереси продолжуваат да ја поддржуваат СДСМ
Next articleЃоковиќ свесно го загрoзил здравјето на млади лица, или фaлcификувaл тест- не му бегаат три години: Став на Борис Дежуловиќ