Home Live Емина Јаховиќ во бoлница во Авcтрија плaќа 300 евра од ноќ, а...

Емина Јаховиќ во бoлница во Авcтрија плaќа 300 евра од ноќ, а во иcто време, нејзиниот бивши маж објави дека ќе се жени

Пејачката Емина Јаховиќ Сандал со објава на Инстаграм призна дека после 14 години брак се разведува од Мустафа Сандал во 2018 година. Таа во своето соопштение отиде дотаму што дури и со некои детали ги објасни причините за разводот..




Долго се шпекулираше дека во овој брак не е се како што изгледа, но Емина се досега демантираше и говореше дека нивната љубов и понатаму трае. Таа сепак си призна и себе и на другите дека навистина додје крајот:

-Драги мои, поради љубов и поддршка со која ме опсипувате во текот на целата моја кариера, чувствувам желба и потреба со вас да бидам искрена-и кога споделувам убави работи , но и кога се во прашање оние помлаку убавите делови од животот, низ кои за жал, сите поминуваме“- вака Емина почна да раскажува..




Поранешниот сопруг на пејачката Емина Јаховиќ, со кој се уште е на суд, турската ѕвезда Мустафа Сандал, наполни 52 години, а во оваа прилика неговата сегашна девојка Мелис Сутсуруп му честиташе со заеднички фотографии и реченица поради која многумина се сомневаат дека парот наскоро ќе застане на лудиот камен.




Мелис е две децении помлада од Мустафа и е успешна бизнисменка, а на јавноста и ја претстави минатото лето. Познатата пејачка се пофали дека таа и нејзиниот постар син Јаман биле меѓу првите кои му го честитале роденденот.




„Можеби некој имал автомобил пред мене, можеби некои девојки те чекале со мираз, можеби си виновна… Но сето тоа нè подготви за ова денес, мој Кито. Јас сум секогаш со тебе, за да можеш да бидеш насмеан и мирен.

Среќен роденден, идно презиме“, напиша атрактивната Мелиса со видео со нивни заеднички фотографии.




Токму поради „идното презиме“ многумина заклучија дека венчавката ќе се одржи и порано од очекуваното. Во исто време со објавата на Мустафа, се oгласи и Емина на Инстаграм, на стори.




Таа објави прво нејзина слика од Австрија, од една од најпознатите тамошни болиници, а на сликата напиша дека е време за нејзинито детокс пред роденденот. Потоа, објави слика од нејзината рака и напиша дека е во соба со поглед на езеро.




Инаку, медицинското здравствено одморалиште VIVAMAYR покрај езерото Вортерзе е лулка на модерната медицина.

На оваа уникатна локација со сопствена парцела покрај езерото и воодушевувачка позадина, на релаксација е невозможно да се одолее“, пишува на веб страницата на оваа болница.




Потоа се објавени цените на сместување во болницата по ден, и пишува дека еднокреветна соба со поглед на езеро, каква што има Емина чини 330 евра.

За еден детокс, Емина баш убаво се потрошила, а Мустафа допрва ќе се потроши за свадбата со својата сакана.




Previous articleНeмa веќе тропcки слики, Нoне од бpод се враќа дома во Велес (ФОТО)
Next articleДоцна во ноќта се огласи Новак Ѓоковиќ – објасни што се случувало од 14 до 18 декември