Home News Д-р Ненад Лазаров со важна информација до граѓаните: Кога се самотестирате, прво...

Д-р Ненад Лазаров со важна информација до граѓаните: Кога се самотестирате, прво земете примерок од грлото

Матичниот лекар д-р Ненад Лазаров, вчера остро реагираше на „честитката“ која многу негови колеги ја добиле од Фондот за здравство.




-Ова веќе не се издржува, на цела мака, ФЗО празнично не испореди со парични казни дури и ретроградно и за 2019 година, за лекови издадени на пациенти кои имале извештај од специјалист постар од 6 месеци и слични небулози и баналии.




Истите треба да се платат во рок од 15 дена иако ФЗО ни должи пари за ноември! Никаква помош цела криза, ова ги прелева чашите, меѓу другото и затоа ќе гледате како затвораме ординации во наредниот период, зошто на никој не му е гајле“, вели д-р Лазаров на својот Фејсбук профил.




„Иако имаше формален договор со Фондот за здравство да се стават во мораториум такви казни односно административни пропусти бидејќи ние се соочивме со една страшна ситуација каде што да речеме пациент ако има хронична терапија со хипертензија и согласно важечките правила на шест месеци треба да оди на контрола кај својот интернист или кардиолог сеедно.




И врз база на тие извештаи ние работиме со нив и ја ординираме хроничната терапија, меѓутоа во овие сите услови беше и се уште тотално невозможно ние на редовна база да ги обавуваме тие работи, па колеги се казнети заради тоа што извештај бил 7-8 месеци поминат веќе да речеме и сега се казнуваат лекарите по две години“, истакнува доктор Ненад Лазаров во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.




Лазаров додава дека има многу казни и тоа насекаде низ државата.

„Цело време само нешто ни се наложува како обврска што треба да го одработиме, без да бидеме прашани што можеме, а што не можеме, колку можеме од тоа да поднесеме.




Бидејќи видете освен овие административни обврски што ги имаме на секојдневна база кои што се огромни, кои што се зголемуваат од ден на ден буквално ние мораме да работиме и медицина со Ковид пациенти и со не Ковид пациенти, и хронична популација“, рече Лазаров.




Д-р Ненад Лазаров, вчера сподели важен совет до граѓаните кои се самотестираат дома:

Previous articleДанела бара помош од Владата: Поради тешката економска криза, итно да им се помогне на општините
Next articleКалиопи: Не можевме да спиеме, Ромео ја зеде гитарата, и по неколку часа во нашиот хотелски апартман…